Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (12.09.2017)

Овен
Благодарение на претприемливиот дух, ќе имате само успех. Ќе бидете во ситуација да носите брзи и исправни одлуки. Сепак, пожелно е да го намалите темпото и да бидете повнимателни, за да ја избегнете вмешаноста во конфликтни ситуации, расправи и законски парници. Со Близнаците и Девиците можна е идеална соработка. Од другите – што подалеку.

Бик
Обидете се да бидете помалку посесивни и љубоморни, зашто со таа своја особина почнувате да му одите на нерви на партнерот. Свртете се кон креативна работа и во дела канализирајте го вишокот на енергија, а не така што ќе ја “малтретирате“ саканата личност. Денот е идеален за забава, занимавање со уметноста и уживање во романтика.

Близнаци
Иако не наоѓате поддржка од соработниците, тоа ни најмалку не ви пречи да работите. Резултатите се видливи, но бидејќи постои можност некој да ве изнервира, избегнувајте жолчни расправи и водете сметка помалку да озборувате за тоа. Зборувајќи грдо за другите, зборуваме грдо за себе.

Рак
Бидејќи поседувате неисцрпна енергија, искористете ја како што треба. За почеток, учете да креирате односи со околината, но и други работи. Бидете подготвени да им се повинувате на туѓите желби и во нив да гледате убави работи. Во фаза сте на носење на важни одлуки. Бидејќи станува збор за сериозна работа, консултирајте се со стручњаци.

Лав
Луѓето ве тормозат со секакви глупости, не знаејќи притоа дека сте во полоша позиција од нив. Самите сте виновни, зашто не умеете да покажете колку ви е тешко. Да се биде горд, си има своја цена. Можеби е подобро да се биде она што всушност сте – комплицирана и во моментов не баш здрава личност. Свртете се кон уметноста.

Девица
Бидејќи упорно настојувате да го добиете од другите она што не с ево состојба да ви го дадат, кавгате е неминовна. Затоа, се советува внимателност, и тоа не само кога се зборовите во прашање. Обидете се логично да му пристапите на актуелниот проблем и најдете оправдание за него. Тоа е идеален начин да ја избегнете нервната раздразливост.

Терезија
Доста ви е од трачеви и озборувања. Се повлекувате во свој свет, па на мира ја анализирате ситуацијата. Собирате сила за нови победи, а ќе ги има, навистина по некој ден. Тогаше ќе ги решите проблемите врзани за домашните и на работа. Промена на работата, или пензија? Финансиската ситуација не е лоша, а ќе биде и подобра до крајот на месецот. Стрпете се!

Скорпија
Се чувствувате загрозено, било поради емотивно, или физичко страдање. Вие најдобро знаете за што станува збор, па обидете се проблемот да го сосечете во корен, под услов да не сте го запуштиле. Ќе ја имате поддршката од пријателите, но и понуда некаде да отпатувате. Прифатете ги сите варијанти. некој се обидува да ве освои.

Стрелец
Не сте баш во врвна форма. Причините за депресивната состојба ги има колку сакате. Еден од најважните се однесува на болеста на една постара личност, за која сте врзани. Јарецот се обидува да ве утеши, но тоа тешко му поаѓа од рака. Премногу сте различни, за да ги прифатите неговите сугестии. овојпат не сте во право. Понекогаш треба да послушате.

Јарец
Со Стрелците сте во чудна врска. Иако имате корист и на прв поглед одлично функционирате, слабо се разбирате. Тоа само вашето срце го знае. Причината за слабоста на организмот побарајте ја во кардиоваскуларниот систем. Можно е нешто сериозно да запнува. Не грижете се, зашто планетите ве штитат.

Водолија
Бидејќи сте опкружени со лаги, веќе навикнавте на нив, па необично ви е кога некој ќе ја каже вистината. Партнерот е првиот на листата на осомничените за неискрено однесување. Бидејќи не му верувате, а довербара е главен предуслов за нормална врска, размислете за тоа што ќе правите понатаму? За почеток, контролирајте ја крвната слика.

Риби
Својот доминантен став и’ го наметнувате на околината. Бидејќи тој став не е доволно убедлив, многу пријатели нема да наседнат, туку само ќе се обидат да ве избегнат. Затоа, пожелно е да го коригирате однесувањето и да постапите според сопствените квалитети и можности. Средната варијанта претставува идеално решение.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *