Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (08.08.2017)

Овен
Овие денови функционирате под силни емоции, но мора да внимавате, бидејќи тоа може да ве доведе до фатални грешки. Психосоматските болести може да настанат како последица на пречувствителноста. Никој не умее да ги разбере вашите бурни емоции и реакции. Вљубени сте, романтични и сентиментални, бидејќи конечно најдовте партнер .

Бик
Загрижени сте поради дволичноста на соработниците и конкуренцијата. Вашата непогрешлива интуиција секогаш е во право. Избегнувајте алкохол и антибиотици, тие влијаат на вашиот и така надразнет нервен систем. Љубомората е состојба под која функционирате наредните денови, но наскоро и тој проблем ќе биде саниран.

Близнаци
Бидејќи себеси си зададовте многу цели мора да бидете трпеливи и да функционирате на долги патеки. Се советува тимска работа, доколку не сте паметни може да настане и конфликт. Не ги проценивте добро сопствените можности, а заморот е последица на тоа. Очекувајте повик од стара љубов, но бидете внимателни.

Рак
Се наоѓате пред нов животен циклус. На прв поглед изгледате исплашени и слаби. Новата работа нуди шанси за заработување и здобивање материјални добра. Конечно излегувате од криза, заздравувате благодарение на подобрената исхрана. Извесно лице ја менува вашата животна насока, а вие не сте свесни за тоа бидејќи сте премногу вљубени.

Лав
Убаво се чувствувате, а уште поубаво изгледате. Наредните денови ве очекува исклучително успешна соработка. Во одлична состојба сте, среќни и задоволни. Не претерувајте со храната и со пијалаците, тие лошо влијаат на вашата здравствена состојба. Голем дел од припадниците на знакот се вљубени и спокојни. Доколку размислувате за потомство, ова е вистински момент.

Девица
Потрудете се добро да ги разработите сите планови што ви паѓаат на памет. Трпението почнува да ве издава, па мора малку поинаку да го организирате времето. Можни се проблеми со грлото, затоа избегнувајте ладни пијалаци. Со партнерот не знаете на што сте, а можеби и тоа ве привлекува кај него. Неизвесноста ја одржува врската.

Терезија
Влеговте во активен и комуникативен период. Заинтересирани сте за многу работи и се трудите да ја задоволите сопствената радозналост. Искористете ги креативноста и смислата за перфекција на адекватен начин. Доколку ја трошите силата што и така ви недостасува лесно може да ги активирате проблемите од хормонска и нервна природа. Телефонски повик од лице на кое интензивно мислите ќе ве доведе до фатална средба.

Скорпија
Ги зацврстувате позициите на повеќе фронтови. Бидејќи вашата енергија моментно е многу силна, правите невозможни работи. Ова е успешен професионален период. Моралната стабилност и свесност за ситуацијата ве прават исклучителни.

Стрелец
Силни сте и истрајни, токму поради тоа чувствувате дека може да ги решите сите проблеми околу вас. Немилосрдни сте кон околината, но сметате дека предолго трпевте и не можете повеќе да издржите. Важно е дека тргнавте во акција, а тоа може да вроди со плод. Здравјето не е за пофалба, но мора да бидете храбри и да посветувате повеќе внимание на себе.

Јарец
Насочени сте кон себеси и професијата, немате време за ништо, а тоа е сосема погрешно. Немате ниту време ниту сила за тоа да ве оптоварува кој било. Доколку од одредени лица не може да извлечете корист потрудете се да ги избегнувате. Внимавајте на здравјето, нема да погрешите ако ја испитате крвната слика.

Водолија
Иако сакате да оставите добар впечаток, сепак, тоа тешко ви успева, бидејќи сте многу нервозни и напнати. Не барајте виновник во околината, тие само се трудат да ве поднесуваат. Тешко ви е во последно време да се приспособите на осцилациите и на случувањата.

Риби
Работите не одат така како што сте планирале, но немојте да се разочарате. Можна е нова понуда за работа, не двоумете се. Заборавете на неуспесите и препуштете им се на ситни радости. Партнерот ќе биде нежен кон вас, но мора да бидете трпеливи. Најдете нова преокупација, на пример, пријателите со што ќе се подобри врската.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *