Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (15.01.2020)

ОВЕН
По се’ изгледа на вашите финансиски проблеми им дојде крај. Пред вас е ситуацијата што долго ја чекавте и во која ќе добивате. Затоа немојте да бидете нервозни, уживајте. Направете си го денот посебен.

БИК
Само што помисливте дека ги држите работите под контрола, лицето што посебно е важно во вашиот живот ќе почне да ви создава проблеми. Затоа не преправајте се дека само го слушате. Работите што ќе ви ги каже треба да ги послушате.

БЛИЗНАЦИ
Денеска би можело да има навалица од луѓе во вашиот дом. Но, вечерва повеќе би сакале времето да го минете со саканото лице, отколку со старите пријатели. Но, се’ е добро штом добро ќе се заврши. Ќе најдете начин.

РАК
Вашата романтична врска добива сосема нова димензија во последниве денови. Понеделник е одличен ден за да размислите околу почетокот на заедничката работа на некој голем проект, но внимавајте на проблемите што би можело да се појават.

ЛАВ
Ѕвездите ви се наклонети, а имајќи предвид дека во последно време работевте на својот изглед, сега е вистински момент да преземете иницијатива и да му пријдете на лицето што подолго време ве привлекува. Не јадете навечер.

ДЕВИЦА
Љубовта и парите се во тесна врска. Всушност, ако ги споите со тие на партнер и заедно одите во шопинг, би можело да купите нешто посебно. Станува збор за нешто што сами не можете да си го дозволите, но со заеднички сили – ќе успеете.

ТЕРЕЗИЈА
Во последните неколку дена го оставате партнерот без воздух со вашите излегувања, подароци, шеги и новото однесување. Намалете ја малку еуфоријата зашто и утре треба да бидете интересни. Можна е лесна настинка.

СКОРПИЈА
Почнувате да го оптоварувате саканото лице со своите пријатели, па додека не е доцна, искористете го денов и организирајте вечера само за вас двајца. Одморот ви е повеќе од потребен. Веќе подолго време работите напорно.

СТРЕЛЕЦ
На љубовен план се е како што треба. Покажете му ги на саканото лице своите чувства и потрудете се барем сега да го поштедите од вашите проблеми на работа. Ќе сфатите дека мора да почнете со вежбање, но не му предизвикувајте шок на организмот.

ЈАРЕЦ
И денеска ќе бидете во добро познатиот филм врзан за финансиите. Кога би имале дополнителни обврски, би било супер. За жал, едната половина од денот ќе ја минете во завршување на работите, а остатокот искористете го, на пример, за прошетка.

ВОДОЛИЈА
Преморени сте. Чувствувате дека ви е потребен одмор од секојдневието, па дозволете си мал луксуз и одете некаде да се релаксирате. Уживајте барем малку и дома вратете се со полни батерии ако веќе не можете да ги наполните кесите.

РИБИ
Се двоумите, а тоа дополнително ги отежнува работите. Најголем дел од времето ќе го минете во размислување за сопствената иднина и за врската во која се наоѓате. Не знаете што да правите, а резултатите не зависат само од вас. Бидете трпеливи и оставете времето да ви го покаже патот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *