Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (21.12.2022)

ОВЕН
Доколку бидете умерени, шансите за успех ќе бидат поголеми од било кога претходно. Искористете ја вашата способност за брзо одлучување, претприемачкиот дух и не се плашете. Стравот е вашата најчеста препрека. Бидете внимателни доколку иматете некаков спор или конфликт со некого. На крај, ангажманот ќе ви се исплати.

БИК
Во потрага сте по љубов, убавина и душевен мир. Иако, ситуацијата не е баш розева. Одлично ќе функционирате доколку успеете да најдете златна средина, со оглед на тоа дека имате и поддршка од планетите. Тврдоглавоста и љубомората можат да ви создадат многу проблеми. За утеха, ви претстои поголема количина на пари.

БЛИЗНАЦИ
Избегнувајте непромислени одлуки и контролирајте ја својата склоност кон преувеличување. Препорачливо е да бидете самокритични, иако тоа тешко ви оди од рака. Полесно е да ја префрлате вината на другите. Еден деловен план ќе вроди со плод, под услов вашата Близначка површност да не го упропасти. Лесна надразлисвост.

РАК
Одлично сте расположени, или уште поважно, не сте нервозни. Сè се одвива со голема леснотија, без задоцнување. А, вие и понатаму ги тестирате сопствените психо-физички способности. Поголемиот број од проблемите кои овие денови ве иритираа, сега ви изгледаат смешно. Благодарение на оптимистичките ставови, имате одлично здравје.

ЛАВ
Сè е фантастино, среќни сте и задоволни, фокусирани кон аспекти кои ги сакате. Креативни сте и активни. Покрај деловниот успех, ве очекува и состанок на луксузно место. Вие сакате гламур, па ќе се покажете во најдобро светло. Ви претстои решавање на финансиските проблеми. Па, почастете!

ДЕВИЦА
Сакате да го избегнете јазот помеѓу вас и оние со кои сте во комуникација. Се повлекувате пред нивните неадекватни реакции. Сеуште сте под влијание на едно возбудливо случување кое ви дава крилја, правејќи ве имуни кон несовршеноста на околината. Уште еден успешен деловен ден.,

ВАГА
Денес не смеете да се жалите. Сè се одвива со невидена леснотија, а проблемите ко магично да исчезнуваат. Токму тоа е причината за среќа. А, она што дополнително ве прави весели е финансиската страна. И не е ни чудно што парите се енергијата без која не можете да функционирате. Ви се советува умереност со пороците и давањето изјави.

СКОРПИЈА
Превземете ги сите неопходни превентивни мерки за да се заштитите од настинка и други заболувања. Тие мерки никогаш не се на одмет, а можат да ви помогнат проблемите да ги сведете на минимум. Но, доколку нешто се случи, брзо ќе станете на нозе и ќе се рехабилитирате. Се соочувате со незадоволство.

СТРЕЛЕЦ
Многу желба, решителност и сè што е потребно за да ги совладате предизвиците. Ќе успеете без поголеми тешкотии, иако евидентно е внатрешното незадоволство. Ви иде да збеснете од мака, дури и за ситници. Идеално решение е физичка активности. Избегнувајте Овни.

ЈАРЕЦ
Доколку добро го организирате вашето време и се фокусирате на нешта кои ве интересираат, ќе бидете презадоволни. Воопшто нема да ви пречи субјективното претчувство дека околината не ве почитува и не ве сака. Фактот дека поседувате исклулителни квалитети и талент за кои другите можат само да мечтаат ве прави да се чувствувате одлично.

ВОДОЛИЈА
Невротични сте повеќе од вообичаено. Кога се чувствувате добро се трошите до таа мера што постои ризик да се разболите. Се работи за аспекти кои ги познавате, па затоа памет во глава. За почеток, намалете ја физичката активност и нервозите и размислете како сте се однесувале, па тек потоа посетете доктор. Не земајте лекови на своја рака, тие и не се решение. Лековите само делуваат на последицата, а причината и понатаму егзистира.

РИБИ
Сакате нешто да промените, но што е тоа? Многу Риби лутаат како резултат на незадоволство од развојот на севкупната ситуација. Само мал број припадници на овој хороскопски знак ќе одлучат какви промени сакаат. Повеќето од вас ги решаваат аспектите од околу, а никако да превземат директен пристап. Преосетливи сте.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>