Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (23.09.2017)

Овен
Искористете ги поволните планетарни аспекти за да ги остварите целите кои се од емотивна и деловна природа. Се наоѓате во фаза на експанзија, расположени сте и полни со енергија. Избегнувајте само арогантни постапки.

Бик
Повеќето Бикови ги очекува заљубување, додека пак оние помалку среќните, расправија со партнерот. Благодарение на инвентивноста ќе остварите успех во сите полиња. Кон крајот на денот можна е нервна раздразливост.

Близнаци
Склоноста кон хипотези може да ви го расипе целиот ден. Доколку престанете де се оптоварувате со неважни работи, ве очекува успех, во спротивно, можни се само проблеми. На нешто дајте му приоритет.

Рак
Сироти Ракови, како по обичај постојано незадоволни, немирни и нервозни. Иако сакате да го прикриете тоа чувство, за жал, не ви поаѓа од рака. Свртете се малку кон пријателите, па малку дружење со нив ќе ви биде од корист.

Лав
Некои непланирани моменти можат да ви го разубават денот. Ве очекуваат среќни моменти. Ќе има и многу љубов, бидејќи таа е вашата движечка сила која му дава смисла на вашиот живот.

Девица
Работа, работа и само работа. Нема за среќа да ви падне тешко, бидејќи за сè што ќе се зафатите го остварувате со неверојатна брзина. Не заборавајте и на убавите моменти што ве очекувааат под услов да ја прифатите поканата.

Терезија
Младите припадници на овој знак се наоѓаат во фаза на преживување, додека пак оние постарите во фаза на преиспитување. Ќе се обидете да ги разрешите тие проблеми, кои, иако ви изгледаат тешки, ќе завршат на добро.

Скорпија
Сите постапки и работи се одвиваат тешко, не е онака како што сте планирале. Морате да вложите дополнителен труд, да бидете трпеливи и да чекате. Тоа на Скорпиите тешко ќе им падне, бидејќи по природа се премногу нетрпеливи.

Стрелец
Кога некого треба да убедите, вистински мајстор сте. Полесно ви е да филозофирате и да зборувате отколку нешто конкретно да сработите. Особено тешко ви паѓаат физичките работи, па ги префрлувате постојано на други.

Јарец
Сè оди како подмачкано, особено кога љубовта е во прашање. Доколку мислите дека не е така, грешите. Сите нешта ќе си дојдат на свое место, па ќе видите дека сте биле во право. Кога работата е во прашање, вие сте идеални

Водолија
Под услов да се најдете во ситуација кога некој ќе се обиде да ве извади од такт, останете присебни. Доколку се спуштите на нивото на личностите кои сакаат да ве загрозат, нема ништо да постигнете. Ќе бидете преосетливи.

Риби
Тема на денот се љубовта, чувствата и врската во која се наоѓате. Можеби сте премногу осетливи, па сè сфаќате озбилно? Сепак, не очајувајте бидејќи ситуацијата ќе се промени. На повидок е нова врска.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *