Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (16.09.2017)

ОВЕН
Минете го утрото извршувајќи ги работите што се насобраа во текот на неделата. Веќе во попладневните часови ќе можете да го доживеете викендот во вистинска смисла на зборот. Тоа е време во кое ќе се занимавате со својата фантазија…

БИК
Зимата полека доаѓа, а вие веќе паѓате во зимски сон. Единствено што би правеле би било седење во фотелја и гледање низ прозор… Па, ако не ви се работи, тогаш не работете. Излезете надвор со пријателите и уживајте во некое кафуле.

БЛИЗНАЦИ
Опкружете се со добро друштво. Нека тоа бидат ваши пријатели, но истовремено поканете и некој потенцијален партнер. Ѕвездите ви се наклонети, па ќе светнете во сиот свој сјај, притоа подготвувајќи го теренот за идните проекти.

РАК
Викендов ќе мине во знак на новите идеи. Ќе ја развеселите својата околина со интересни планови и идеи за луда забава и неверојатни авантури. Ако успеете да ги спроведете на дело, секоја чест. Ќе се сеќавате на овој викенд уште долго.

ЛАВ
Вашиот поприлично тврдоглав животен партнер бара нежен разговор. Разговарајте. Знаете каков е и како треба со него, а ако го искористите тоа знаење, повеќекратно ќе ви се исплати. Посветете му го викендот и поминете возбудливи моменти.

ДЕВИЦА
Чувствувате како огромниот куп работи ве притиснуваат до таа мера што не можете повеќе да дишете. Не е тоа така страшно. Не ги преценивте сопствените можности, туку едноставно ви се собраа куп обврски. Застанете на момент и искористете го викендов за полнење на батериите.

ТЕРЕЗИЈА
Минете го викендот дома. Завршете ги сите заостанати работи, избришете ја прашината, испеглајте ги заостанатите кошули, расчистете ги масите… Вечерните часови минете ги во пријатно друштво со кое незадолжително ќе си муабетите.

СКОРПИЈА
Не излегувајте од кревет, Скорпии, посебно ако во него имате пријатно друштво. Допуштете си излежување и уживање во мирниот почеток на викендот. Олабавете, исклучете ги телефоните, појадувајте во кревет, бидете романтични…

СТРЕЛЕЦ
Конечно можете да здивнете. Уживајте во убавиот викенд, прошетајте во природа и покажете му на светот колку сте прекрасни. Медитирајте малку, опуштете ги згрчените мускули и соберете сила за наредната работна недела.

ЈАРЕЦ
Иако е викенд, единствено нешто кое ви е на ум е кариерата. Ќе смислувате нови начини за напредок, ќе ви паѓаат разни идеи на памет, па понеделникот ќе го дочекате поспремно од кога било. Со оглед на тоа што зимата е на прагот, ништо трагично ако викендов останете дома.

ВОДОЛИЈА
Не ви е лесно. Додека другите планираат каде да го минат викендот, вие вредно си работите и тоа дома. Веројатно ќе мора да го минете целиот викенд во работа. Компензирајте со тоа што ќе си ги направите условите за работа- што попријатни.

РИБИ
Викендот е пред вас и дефинитивно е време за игри. Земете ја топката, децата, внуците, облечете се топло и излезете во природа. Полни сте со енергија и неопходна ви е смеа и забава. Само внимавајте да не почнете да се изживувате врз послабите од себе!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *