Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (17.07.2017)

ОВЕН
Бидете внимателни кога се работи за измами. Не инвестирајте во работите кои не се проверени, како и во луѓе кои можат погрешно да ве насочат. Чувајте ги парите и документите зашто лесно можете да ги изгубите. Дружењето со Биковите ве инспирира.

БИК
Работата доживува експанзија, и тоа благодарение на вашата неумоливост, но и поддршка од планетите. Од друга страна, пак, треба да посветите малку повеќе време на себеси и пронаоѓањето на сопствениот мир. Не оптоварувајте се со другите.

БЛИЗНАЦИ
Бидете реални во процената на моменталната деловна ситуација за да не се каете подоцна. Не сте во ситуација исправно да одлучувате, и тоа главно поради слабоста на организмот и склоноста кон настинки. Иако околностите бараат максимален ангажман, работете колку што можете.

РАК
Проблемите со нервниот систем се предизвикани од сознанието дека сте живееле во илузии. Обидете се да ја надминете внатрешната општа збрка. Ќе биде тешко, но прашање е колку вие тоа го сакате. Најлесно е да ја барате вината во другите.

ЛАВ
Во љубовта се можни конфликти, предизвикани од вашата несигурност и нејзиното несвесно пренесување врз партнерот. Работете повеќе на себеси, на зајакнување на свеста за сопствената вредност, зашто тоа е единствен начин да ја одбегнете љубомората и посесивноста.

ДЕВИЦА
Сакате да се изолирате зашто најдобро функционирате во осаменост. Зошто се чувствувате непријатно во присуство на други? Зошто сте несигурни, нервозни и напнати? Немате причина за тоа. Обидете се да извлечете поука од моменталната ситуација.

ТЕРЕЗИЈА
Слушнете што ви вели интуицијата, која во моментов е најисправна и точно ви кажува како треба да се однесувате. Сакате некои работи однапред да испланирате, што не е лошо, зашто наскоро доаѓаат тешки времиња. На извесен начин тоа го претчувствувате, па сакате да ги ублажите проблемите.

СКОРПИЈА
Се наоѓате во конфликт меѓу желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Поведете сметка за практичните работи и здравјето. Опасноста од вирус ве демне од сите страни.

СТРЕЛЕЦ
Ограничувањата на сите полиња се само последица на болестите од хронична природа. Стрелците се борат со настинките. Ви се препорачува одмор или ако мора да работите, барем сторете го тоа во мир. Добивате помош од постари луѓе.

ЈАРЕЦ
Одбегнувајте ги јавните собири и обидете се да ја сведете комуникацијата на минимум, поради можноста од настинка. Што се однесува до работата, бидете реални. Не дозволувајте повторно да ве оптоварат со непријатно искуство.

ВОДОЛИЈА
Верувајте си повеќе на себеси и на сопствените можности ако сакате да бидете задоволни. Не залажувајте се со тоа дека сте постигнале нешто значајно, зашто фактите укажуваат на нешто поинакво. Ни помалку, ни повеќе ќе го добиете она што сте го заслужиле.

РИБИ
Напорна работа и бавно постигнување резултати. Бидејќи вам ви се брза, помирете се со фактот дека денеска мора да ги засукате ракавите и да најдете мир во тишината на сопствените мисли. Ако се обидувате да дојдете до невозможното – ќе се разболите.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *