Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (11.09.2017)

Овен
Креативноста и натаму е во прв план. Активни сте, добро се чувствувате на сите полиња. Бидејќи фантазијата е изразена, искористете ја, но не така што ќе ја залажувате саканата личност, туку што ќе работите работи во кои имагинацијата доаѓа до израз. Чувајте се од измами, вербални недоразбирања и нервна напнатост. Нервозата ја лечите со активен одмор и спорт. Страсна љубовна авантура или преродба на долга врска.

Бик
Бидејќи видовте дека многу подобро се чувствувате кога се дружите и сакате, решавате тоа и да го правите. Работата и парите доцнат, па однапред се плашите од неуспех, иако немате причина за тоа. Сепак сте во пријатен амбиент, па немате време да ја трескате главата за настани на кои малку можете да влијаете. Она поради што сте загрижени е целосното разочарување во некој кому сте му верувале и во кого сте ги полагале своите надежи.

Близнаци
Успешен деловен период, активност и динамика. Сето она што сакате и што помага вашата љубопитно-немирна природа да дојде до израз. Не можете да се пожалите ниту на односите со партнерот. Тие не се идеални, но се доволно добри, со блага тенденција да бидат уште подобри. Наскоро доаѓа поголемо количество пари. Изненадувања, и тоа пријатни, денеска се повеќе од возможни.

Рак
Наидувате на вообичаена пречка кога е во прашање работата што ве прави по малку нервозни и раздразливи. Иако со нервозата само го одложувате решавањето на проблемот, тоа е посилно од вас. Партнерот се обидува да ви укаже на грешките, но вие слушате само на едно уво. Како по обичај, си терате по свое, а времето ќе покаже кој бил во право. Новите настани ви го привлекуваат вниманието.

Лав
Во свој елемент сте. Се занимавате со она што го сакате. Моментално, непријатно може да ве изненади единствено целосната беспарица, зашто на сите други проблеми сте отрпнати. Меѓутоа, емотивната ситуација е навистина блескава, а ќе биде уште подобра. И здравјето е стабилно, па немате причини за грижа. Препуштете им се на уживањата. Поразот сите тешко го поднесуваат, а Лавовите најтешко. Кој ви е виновен кога сте суетни преку секоја мера.

Девица
Добро се чувствувате. Владеете со ситуацијата на сите полиња. Работите се одвиваат со посакуваното темпо, партнерот сфаќа колку му значите и тоа отворено го покажува. Подготвен е на се’. Уште кога би биле визионер, па да се обидете дополнително да се обезбедите. Но, не се сите Девици идеални, па ниту вие. Супер! Околината ве цени и сака, само што понекогаш и’ пречи вашата себичност.

Терезија
Само пријателите може да ве извлечат од криза. Сите проблеми исчезнуваат во весело друштво, а вие станувате нова личност. Бидејќи малку можете да влијаете врз развојот на настаните, не вреди да се нервирате. Крајно време е да размислувате за нова работа. Тоа може да ви обезбеди многу попристојна заработувачка од моменталната.

Скорпија
Денес функционирате под дејство на силни љубовни емоции. Желбата за мајчинство е засилена, како и љубовта кон децата воопшто. Морате да ги контролирате своите постапки зашто почнавте да застранувате. Мирно и отворено поразговарајте со партнерот за се’ што ве мачи. Доста беше глума и двојна игра. Подготвени сте на верност и многу отстапки со партнерот, но од друга страна, прикривате несигурност и љубомора.

Стрелец
Напорни моменти проследени со желба за осаменост. Ќе ги остварите сите планови за на крајот на денот да подзастанете. Заморот не е причина за нерасположение зашто резултатите се видливи. Опасноста може да се јави во вид на болест, предизвикана од неконтролирана работа и нервирање. Свртете се кон книгата и оние нешта што ве релаксираат, како спортот, на пример. Не дозволувајте мрзеливоста да победи.

Јарец
Денес се чувствувате релативно добро, иако како и секогаш, особено сте неприспособливи и исклучиви, што на околината може да и’ пречи. Колегијалните односи може до некаде да бидат нарушени, но ништо не е толку загрижувачко. Морате да покажете повеќе толеранција кога е во прашање партнерот. Тој е подготвен многу нешто да ви прости и да ве разбере, па мора да го почитувате и вие него. Сонот е идеално решение.

Водолија
На импулсивен начин се ослободувате од напнатоста. Околината е навикната на вашето однесување, но, сепак, не претерувајте. Чувствувате страв за својата егзистенција. Нормално е дека не можете да бидете рамнодушни, но би требало трезвено да размислувате за се’ и да пронајдете компромисно решение. Се советува смиреност, реално согледување на проблемите и советување со ближните околу нивното решение. Љубовта никогаш не ве напушта.

Риби
Бујната фантазија многу вреди. Можеби размислувате на погрешен начин, па обидете се да смените нешто во таа смисла. Се чувствувате измамено, иако самите сте виновни што дозволивте да дојде до тоа. Чувајте се од клевети и од измами. Денот е одличен за патувања, а лош за сите други видови комуникација. Парите се на видик, а љубовта цвета. Размислете каде ќе одите на летување. Друштво за пат веќе имате.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *