Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (22.09.2017)

Овен
Посветете му повеќе време, нежност и радост на лицето што го сакате. Помалку мислете на себе. Во работата вистинските искушенија доаѓаат од претпоставените личности. Бидете трпеливи и никој нема да ве задева. Посетете некој близок роднина.

Бик
Ќе бидете затрупани со понуди и покани од разни страни. Сите се’ повеќе ве бараат. Денот е погоден за барање нови извори на заработувачка и докажување на личните способности. Потребна ви е промена на средината. Дистанцирајте се од оние што се полни со негативна енергија.

Близнаци
Причините за некои случувања што често ви се повторуваат побарајте ги во своето најрано детство. Дружете се со оние што ви се посебно интересни и кои го заслужиле тоа. Што се однесува до здравјето, спречете го сушењето и стареењето на кожата. Не плашете се од минатото.

Рак
Бидете попустливи спрема оние што ги сакате. Ослободете се од емотивните стравови. Не нервирајте се непотребно. Само работете си ја својата работа. Следете ги советите на лекарот и немојте да се форсирате. Потрудете се само малку да имате самодоверба.

Лав
Некои проблеми што ве мачат во последно време ќе ви се разјаснат денеска. Бидете трпеливи и немојте да се истрчувате. Вистината ќе излезе на виделина. Бидете внимателни со исхраната и потрудете се повеќе да се движите. Денеска ќе решите една загатка што ќе ви биде од животно значење.

Девица
Љубовната среќа ќе зависи од вашата подготвеност да тргнете во акција. Затоа, немојте да чекате – тргнете! На работа некои идеи задржете ги за себе. Се’ уште не е време да им ги изнесете на претпоставените. Останете им доследни на своите идеи. Партнерот очекува посебно внимание, овозможете му.

Терезија
Додворувањето на едно лице ќе стане се поинтензивно. Прашање е дали ќе ве усреќи тоа. Немојте да бидете арогантни и каприциозни пред претпоставените. Внимавајте на сопственото здравје. Разубавете си го денот и јавете му се на некое драго лице кое моментално е далеку од вас.

Скорпија
Поради некоја причина ќе се повлечете од една врска и ќе ги оставите работите недовршени. Ако започнете нова работа, а претходно не сте ги создале потребните услови, ќе дојде до заплет. Ако сакате да го зачувате здравјето, бидете внимателни во секој сегмент. Не ветувајте ништо!

Стрелец
Ви недостасува мотивација за да се впуштите во една љубовна врска. Бидете трпеливи, бидејќи и финансиската ситуација ќе бара повнимателен пристап. Трошете помалку. Внимавајте на своето здравје и немојте да и’ се препуштате на судбината.

Јарец
Очекувајте повеќе од она што моментално можете да го добиете. Потпрете се на советот на пријателите. Немојте да влегувате во преговори со лица што не се подготвени за тоа. Избегнувајте да влегувате во конфликтни ситуации. Организирајте некое вечерно излегување.

Водолија
Во ваша близина ќе се најде некое лице што ќе ви понуди многу смеа и забава. Ќе бидете расположени за креативно и оригинално создавање. Ќе се ослободите од некој телесен недостаток. Не создавајте му на партнерот дополнителни нервози.

Риби
Ќе откриете дека едно лице е заинтересирано за вас и тоа ќе ве оптоварува. Сосема случајно ќе слушнете еден разговор што ќе ги одреди вашите понатамошни планови. Вашите слаби точки ќе бидат забите и зглобовите. Немојте да бидете груби со домашните и посветете им се целосно.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *