Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за недела (27.08.2017)

Овен
Работите се одвиваат рутински, што не е така лошо. Проблем може да настане ако оваа ситуација потрае подолго. Ова е фантастичен период, особено ако се занимавате со комуникација или работите со документи. Полни сте со енергија и сте во свој елемент.

Бик
Ќе бидете во ситуација да прославите нешто. Цела недела ќе ви помине во знак на радосни вести што навестуваат позитивен исход од случувањата. Преземате одговорност и тргнувате во акција. Правете работи што одговараат на вашата природа.

Близнаци
Пред вас е напорна работна седмица, но засега без видливи резултати. Бидејќи сакате видливи докази за она што го работите, ќе бидете помалку незадоволни. Потребно е да бидете организирани доколку сакате да испливате од проблемите.

Рак
Донесувате одлука што влијае на натамошниот правец на животните текови. Внатрешната хармонија е нешто што ви дава посебен шарм. Нов професионален проект е на видик. Кренавте раце од се’, затоа најдобро е да се потрудите да закрепнете од стресот што ве следеше во последно време.

Лав
Романтичните случувања можат да ја нарушат секојдневната монотонија. Она што во последен период ви оди од рака е мудроста. Повлекувате правилни потези кога е во прашање работата. Можни се проблеми поради претерување. На удар се жлездите со внатрешно лачење.

Девица
Мора да тргнете во решителна акција. Одговорни сте за сопствената судбина, па бидете внимателни. Работата тргна наопаку, а тоа дополнително ве загрижува. Можни се проблеми со уринарниот тракт. Се’ уште не е доцна нешто да преземете за да ја санирате состојбата.

Терезија
Нешто морате да жртвувате, но потрудете се да не се нервирате. Впловивте во мирни води. Работата се одвива по шаблон, затоа не се оптоварувајте. Се наоѓате во фаза на закрепнување. Размислете за наредните потези за да бидете здрави и среќни.

Скорпија
Тешко функционирате и сте во тотален хаос. Бидејќи со напор одговарате на поставените барања, можни се здравствени проблеми. Во работата внесувате премногу емоции. Желбата за работа настапува неочекувано, но околностите не дозволуваат да тргнете во акција.

Стрелец
Вложувате во нов, поповолен животен период. Оваа седмица ќе биде во знак на пријатни случувања и почетоци. Многу сте задоволни со остварените резултати. Ве очекува прослава. Ќе бидете внимателни кога е во прашање консумирање пијалаци и цигари.

Јарец
Функционирате мудро и великодушно. Оваа недела ве очекува многу работа , која поради зголемената енергија успешно ќе ја завршите. Финансиската ситуација се подобрува. Можни се ревматски тегоби . Бидете внимателни ако сакате да избегнете опасност.

Водолија
Ќе ви се случуваат работи на кои не можете да останете рамнодушни. Што да правите, имате чувство дека грешите. Морате поради нешто да се жртвувате, а тоа никако не го сакате. Малку сте себични барем кога е во прашање работата.

Риби
Иако имате причина за депресивна состојба, се чувствувате лошо. Ви недостасува стимуланс отстрана. Можна е средба со јавност и успех ако се занимавате со јавна работа. Стомачните тегоби се последица на неконтролираната исхрана.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>