Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за недела (10.09.2017)

Овен
Со партнерот ви е отежната комуникацијата, но ќе успеете да најдете заеднички јазик, само доколку искрено разговарате за проблемите кои во последно време заземаат централно место во врската. Здравјето ви е чувствително, затоа намалете со нервозите.

Бик
Чувствувате голема потреба за љубов, па можеби е крајно време да се активирате на ова поле. Не форсирајте ги работите насила, туку обидете се разумно да го освоите срцето на партнерот.
Бидете нежни, суптилни и не покажувајте ја вашата негативна страна.

Близнаци
Доколку постојано ги преценувате сопствените можности, напнатоста ќе продолжи да расте. Затоа обидете се да ги намалите апетитите и концентрирајте се на работата. Зголемената ментална способност е одлична причина да се посветите на нештата максимално.

Рак
Пред вас се наоѓа проблем кој тешко ќе успеете да го решите. Меѓутоа, секогаш постои добар начин или тактика што може да биде корисна при донесување на конечното решение. Бидејќи мотивацијата ви е изразена, одлуката за радикални проблеми и за постигнување на целта ќе ви појдат од рака. Само треба да покажете голема умешност и трпеливост.

Лав
Многу од припадниците на овој знак ќе се соочат со проблеми за кои нема да можат да го изнајдат соодветното решение. Бидејќи природата ве создала како големи оптимисти, а околината ве сака, нема да ви биде проблем да успеете да најдете соодветно решение. Сетете се дека секогаш во животот се случуваат негативни и позитивни осцилации.

Девица
Навлегувате во период кога очекувате многу повеќе отколку што можете реално да барате. Мора да се симнете од облаците и да сфатите дека понекогаш можеби се преценувате и барате многу повеќе од тоа што можете да понудите. Наклонетоста кон инфекции е изразена, затоа работете на зајакнување на имунитетот.

Терезија
Денес е изразена можноста од физички повреди, па затоа внимателно во сообраќајот. Мора да изнајдете начин и да ги спречите луѓето кои се обидуваат да ви наштетат. На работното место како и обично се снаоѓате одлично, но не обидувајте се секогаш да ја истерувате правдата на свој начин.

Скорпија
За работата моментно немате време да размислувате, бидејќи емотивното поле е она што е центар на вашето внимание. Одличен период за оние кои би сакале да започнат нешто сериозно, но и за оние кои посакуваат страсна авантура.

Стрелец
Професионалните обврски бараат од вас конкретно да се изјасните во однос на вашата крајна цел. Понекогаш знаете да бидете многу напорни и полни со барања и очекувања, кои партнерот, за жал, не може да ви ги исполни. Жлездите за внатрешно лачење се на удар во периодов.

Јарец
Со партнерот ви е отежната комуникацијата, но ќе успеете да најдете заеднички јазик, само доколку искрено разговарате за проблемите кои во последно време заземаат централно место во врската. Здравјето ви е чувствително, затоа намалете со нервозите.

Водолија
Не дозволувајте никој да си поигрува со вас, бидејќи нема потреба за такво нешто. Работата ќе ви преставува дополнителен напор, па затоа исцрпеноста и намалениот имунитет ќе бидат главна одлика неделава. Емотивната состојба е ставена под прашање поради вашата несигурност со партнерот.

Риби
Не е лесно доколку мора да се откажете од професионалните планови поради расчистување стари семејни проблеми, кои во периодов ќе ви одземат многу време и здравје. Без напредување во кариерата ќе се почувствувате сами и изгубени, но за кратко време. Успешните луѓе како вас лесно се враќаат во игра.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *