Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (21.09.2017)

Овен
Добро ќе си поминете на патувањето и ќе остварите интресни контакти со странски државјани. Со малку шарм и мудра игра, лесно ќе ја остварите својата цел. Некои од вас слободното време ќе мора да го посветат на домашниот миленик, или на поправки во домот. Направете шопинг!

Бик
Дозволете им на чувствата да излезат од вас. Ако спротивната страна покаже дека многу и’ значите, немојте да бидете воздржани и да се контролирате, зашто тоа ќе изгледа како одбивање. на финансиски план можно е непромислено трошење, ако станува збор за техника, облекување и убавина.

Близнаци
Најпријатно ќе се чувствувате во друштво на весели луѓе, они кои уживаат во добрата храна и одбрани пијалоци, како и личности што сакаат да истражуваат и да откриваат нешто ново. Заради вашата отсутност, блиска личност ќе мора да донесе одлука во ваше име. Вешто ќе решите еден проблем.

Рак
Енергијата ќе ви биде во опаѓање, а имунитетот ослабнат. Можни се проблеми со желудникот, вирози, воспаление на увото, или меурот. Избегнувајте мрсна и тешка храна и пијте многу течности, најдобро вода и чај. Во емотивните односи не подлегнувајте на налети на љубомора и кавгаџиство.

Лав
За извонредното расположение можете да им се заблагодарите на љубовните случувања, а добар вентил за зголеменото ниво на енергија ќе бидат и домашните работи. Извонредно ќе се снаоѓате во контактите со другите, како и со роднините и брачниот партнер. Очекувајте покана од личноста што ви се допаѓа.

Девица
Ако подготвувате испит, презентација, или очекувате дека резултатот од патувањето ќе зависи од вашата информираност, ви претстои ден минат во работа. Ако зад вас е неодамнешен љубовен бродолом, ќе бидете опкружени со пријателите и нивната безусловна љубов.

Терезија
Подгответе се на застои и доцнења. би можело да ви се случи да изгубите важни хартии и документи, или да не можете да пронајдете нешто што ви е неопходно потребно. Ако тргнувате на пат, проверете дали се’ сте понеле и сметајте дека малку подолго ќе патувате до целта.

Скорпија
Одбијте ја молбата врзана за превземање на една обврска, особено ако сте во љубона врска, во чија иднина се сомневате. Нема да згрешите ако го задржите за себе своето мислење, доколку се најдете во разговор со роднините. Приоритет нека ви бидат личните желби.

Стрелец
Поддржка за остварување на деловниот план ви пружа брачниот или љубовниот партнер, но и роднините на партнерот, дури и ако не сте во брак. Помладите ќе уживаат во страсните изрази на наконост на спротивниот пол. очекувајте покана з апатување, односно излегување во двојка.

Јарец
Јзикот ќе ви биде побрз од паметта, а провокациите претерани и по малку неумесни. Ако се најдете во големо и шаренолико друштво, ќе го свртите вниманието врз себе, но не нужно на позитивен начин. негативната енергија потрошете ја на спортување или средување на животниот простор.

Водолија
Ќе ве преплави плима на нежност и љубов кон партнерот и децата, а љубовните случувања на оние кои не се во брак, ќе бидат проткаени со интересни случувања. Ќе слушнете убава вест од пријателите, а ќе добиете и покана за свадба, крштевка или прослава на свршувачка.

Риби
Избегнувајте контакт со роднините , особено со оние од спротивниот пол, зашто разговорот на тема на вашиот личен живот, би можел да заврши со кавга, во која ќе бидат изговорени тешки зборови. Ќе бидете склони да кажете што мислите, а притоа неподготвени з акомуникација.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *