Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (31.05.2019)

Овен
Постојано некаде брзате, но тоа не ви пречи, бидејќи сте во добра форма. Финансиската ситуација се подобрува, па затоа и размислувате за летување. Партнерот повремено ве излудува, а и вие него. Наскоро следува промена на квалитетот на врската и тоа на подобро, но мора да бидете трпеливи.

Бик
Постојано се нервирате, а нема реални причини за тоа. И покрај тоа што некои работи не се одвиваат така како што сте замислиле, бидете мирни и почекајте поволен период. Се ќе биде в ред и без напор ќе го остварите она што сте го наумиле. Здравствената состојба ви е стабилна ако се занемари проблемот со маснотиите.

Близнаци
Ви се случуваат убави работи, имате многу среќа. Малку припадници на знакот се жалат дека се оптоварени. Потрудете се да бидете и понатаму истрајни, особено кога станува збор за партнерот. Деновиве ќе решите битни проблеми. Организмот ви е ослабен, мора да престанете толку да се заморувате.

Рак
Пред вас е пријатен и неконвенционален ден. Чувствувате потреба да се дружите и да учествувате во некои битни случувања. Сe ви изгледа едноставно. Доколку ви се укаже можност да отпатувате, пред се’, тоа ќе биде поради лично задоволство. Сепак, потрудете се поголем дел од денот да го поминувате со семејството, во последно време го запоставивте.

Лав
И покрај тоа што сакате да оставите добар впечаток, тешко ви оди. Не барајте ја вината во себе, се однесувате коректно. Тешко ви е во последно време да се приспособите на толкави осцилации и случувања. Креативните особини се нагласени, искористете ги ако сакате да бидете задоволни и да постигнете успех.

Девица
Ќе добиете унапредување на работното место, очекувајте голем успех. Се чувствувате убаво, но сакате таа состојба да ја поделите со другите. Со партнерот ги споделувате само убавите моменти, но имате време и за пријателите. Свесни сте дека ви е потребно време за себе, но сe помалку го имате. Одморајте се или одете во театар.

Терезија
Постигнувате многу, но потрудете се пред да тргнете во некоја акција добро да ги процените сопствените можности. Имате многу пријатели на кои можете да се потпрете. Некој близок тотално ве излудува, не предавајте се. Имате многу додворувачи, но сте решени да му останете верни на партнерот. .

Скорпија
Работите не одат така како што сте испланирале. На момент заборавете на неуспехот и препуштете се на ситните радости. Партнерот ви е многу битен, но мора да бидете и многу трпеливи. Насочете се кон пријателите и рекреирајте се. Планирате да контактирате со странство, сонувате за далечни предели . Оптимисти сте и одлично се справувате со проблемите.

Стрелец
Она што не можете да го поднесете е осаменоста. Ве очекува друштво, многу радост и веселба. Конечно можете да се олабавите, ги завршивте своите обврски и тоа поуспешно отколку што очекувавте. Слободните моменти посветете ги на партнерот.

Јарец
Пријатните случувања влијаат на ослободувањето на напнатоста и заборавањето на проблемите. Доаѓате до сознание дека сте се нервирале беспотребно и сакате да се промените. Оваа состојба нема долго да ве држи, уживајте додека можете. Воздржете се од љубовната акција.

Водолија
Пријатен период, прекрасно се чувствувате и заборавате на сето она со што сте опкружени. Дружењето со Рак дополнително ќе ве релаксира. Тој постојано ве прогонува, така што нема да можете да се ослободите од него. Внимавајте на слатките. Би можела да ве налути себичноста на партнерот или неговите егоистични постапки.

Риби
Добивате подароци и уживате во нечие внимание. Сето тоа ви помага да заборавите на актуелните проблеми. Бидете подготвени за промена на околината. Жртвувајте се, ништо нема да постигнете без труд. На емотивен план без осцилации. Ќе блескате од задоволство.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *