Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (31.03.2018)

Овен
Спречени сте во одлуките, се колебате и не верувате во резултатите. На погрешен пат сте. Уште еден доказ дека без причина сте несигурни, па мора да се коригирате. Деловните квалитети секогаш се ваш адут. Вие сте симбол за амбиција и деловен успех. Бидете похрабри.

Бик
Бидејќи чувствувате силна внатрешна напнатост и незадоволство, пожелно е внимание за да не ги искомплицирате работите. Тоа првенствено се однесува на возењето. Само со одмерени постапки можете да ја избегнете опасноста од повреди. Имате поддршка и од ѕвездите.

Близнаци
Одлично функционирате на работа. Сите задачи ги исполнувате на свој начин и со перфекционизам. Вие сте работник за пример. Единствено може да се потпрете на сопствените сили, избегнувајте тимска работа. Ако сте принудени да соработувате, избегнувајте караници.

Рак
Сакате слободна акција, неуморни сте во создавањето, па влегувате во конфликт со сите. Нервната раздразливост е последица на моменталните проблеми. За среќа, не е алармантно. Егото е силно, бидејќи се докажувате низ работата. Пробајте да бидете потрпеливи.

Лав
Сакате слободна акција. Одлично ги извршувате работите со хартија, договори и со недвижен имот. Бидејќи не сте навикнати на толку брзо темпо, ви се советува внимание поради можноста да доживеете повреда. Во прашање е и сообраќајот, бидете внимателни.

Девица
Остварувате успешна комуникација. Доколку подготвувате испити и планирате стручно усовршување, вистинскиот момент е од зборови да преминете на дела. Веднаш ги прифаќате патувањата, макар на ден-два. Место не ве држи, куќата ви станува товар.

Терезија
Ги покажувате сите таленти. Донесувате брзи одлуки и тргнувате во акција. Бидејќи функционирате под поволни планетарни влијанија, профитирате од ситуациите. Ова првенствено се однесува на деловната страна. Со партнерот бидете повнимателни.

Скорпија
Активниот дух и брзите одлуки се ваша карактеристика и ве прават успешни, но мало невнимание ќе ги намали резултатите. Избегнувајте законски процеси и караници со луѓе кои не се виновни. Вразумете се и свртете се кон вистинските вредности.

Стрелец
Се нервирате за секоја ситница и им наоѓате мани на домашните и на сите кои ќе ви се најдат на патот. Дали сте идеални? Зошто очекувате од другите нешто што ни самите не можете да го исполните? Колку пообјективно размислувате, толку подобро за вас.

Јарец
Одличен ден за напредување во материјална и во духовна сфера, само доколку не бидете арогантни и препотентни. Бидејќи се можни здравствени проблеми поврзани со погрешна исхрана, коригирајте го тоа. Се наоѓате пред значајни промени.

Водолија
Иако на прв поглед изгледате смирено, чувствувате силна внатрешна тензија. Сакате да се ослободите, па се вртите кон работата. Изборот ви е вистински, деловните проблеми бараат добра концентрација, а со тоа нема да и’ обрнувате внимание на напнатоста.

Риби
Пречувствителноста има своја цена, бидејќи се одразува директно на здравјето. Не сте во ситуација емотивно да се трошите на што било, бидејќи тоа се одразува на вашата конституција. Слаба точка ви се жлездите, хормоните. Размислете дали вреди да се нервирате.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *