Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (13.04.2022)

ОВЕН
Денес ќе минувате низ некој вид на психолошка криза. Ви се јавуваат одредени стравови поради притисокот на кој ќесто сте изложени, особено дома. Проблемите се нижат, но главата горе. Се’ ќе се среди.

БИК
Атмосферата на работа не е најдобра. Избегнувајте конфликти. Доколку имате деца, денес можете да имате проблем со нив. Постои можност да ве излажат, но исто така и здравјето ви е чувствително.

БЛИЗНАЦИ
На работа е мирно, но во текот на целиот ден ќе бидете прилично расеани. Финансиите се солидни. И ако сте зафатени, би сакале да се впуштите во авантура. Поведете сметка во сообраќајот и избегнувајте алкохол.

РАК
Некој ќе ви вети пари, но немојте многу да се надевате и да верувате во се’ што ќе ви каже. На работното место е криза, па не би било лошо за секој случај да побарате друга работа. Склони сте на воспаленија.

ЛАВ
На работа денот ќе мине вообичаено. Можна е загуба на пари или документи, па поведете сметка. Во семејството атмосферата е лоша. Очекувајте покана ос помлада личност, која ви е многу симпатична.

ДЕВИЦА
Ситуацијата на работа е променлива и несигурна. Во семејството некој планира да тргне на пат. Со партнерот имате проблеми во комуникацијата. Меѓу вас нема доволно искреност.

ТЕРЕЗИЈА
Премногу се потпирате на другите, зашто денес имате многу работи за решавање, а тоа не ви поаѓа од рака. Финансиите се нестабилни. На праг на измама сте, па не би било лошо да го вклучите разумот додека не е доцна.

СКОРПИЈА
Работите на кои денес им придавате важност, другите нема да ги разберат, па може да дојде до мали несогласувања. На емотивен план ситуацијата е непроменета. Љубовното расположение е ослабнато.

СТРЕЛЕЦ
Доколку сте на пат во странство, внимавајте на документите и ситните пари. Во семејството е стабилно. На емотивен план немате поголеми проблеми. Изненадете го партнерот, зашто тоа сигурно ќе ви се врати.

ЈАРЕЦ
Во љубовниот живот многу се трудите да го стабилизирате односот со партнерот. Вашата волја е непресушна, а напредокот евидентен. Ако сте слоободни, ситуацијата лесно ќе се промени.

ВОДОЛИЈА
На работа немате време за опуштање. Работа има премногу и многу сте под притисок. Финансиите се солидни. За љубовта не размислувате, зашто сте задоволни и уживате со партнерот во секој миг.

РИБИ
Се наоѓате пред финансиски колапс и подобро е веќе денес да се подготвите на сигурни компликации. Во љубовта сте напнати и под стрес за некого. Ако сте во брак, кризата поради сомничавост е минлива.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>