Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (30.09.2021)

Овен
Одите од крајност во крајност. Чувствувате дека сте силни и подготвени за водење животни битки, за наскоро да паднете во контрадикторно расположение. Притисокот во градите се намалува, чувството на незадоволство не ве мачи. Ситуацијата наскоро ќе се промени.

Бик
Во нешто се надевате, многу очекувате, однапред се радувате. Со причина, бидејќи извесна личност ќе ви причини огромна радост и ќе ве израдува со подарок. Кај многу припадници тоа ќе се однесува на странство, додека помладите работат на проширување на семејството.

Близнаци
Сериозниот пристап кон проблемите е карактеристичен за припадниците на овој знак. Ве боли сознанието дека сте сами на светот кога имате проблеми, а вие помагате во решавањето на туѓите. Моментално подгответе се за болки во коските или забите.

Рак
Наидувате на безнадежна ситуација или барем така ви се чини. Најверојатно во прашање е второто. Морате да ја засилите практичната компонента, да се занимавате со оние нешта што ја зголемуваат сигурноста, ви недостига самодоверба.

Лав
Се’ е лесно и едноставно, помладите ви причинуваат радост и ви влеваат надеж дека полесно ќе ги пребродите кризните ситуации. Денот го поминувате во знакот на убавите работи, славење, дружење, љубов и хоби. На моменти во втор план ги потиснувате здравствените проблеми.

Девица
Веќе подолго време сте под силно влијание на соработниците и воопшто на околината. Тоа се одразува на сите сегменти од животот, посебно на приватниот живот. Не дозволувајте да се доведат во прашање љубовниот живот и семејната идила.

Терезија
Сериозни сте и одговорни, иако ви се чини дека не го гледате крајот. Долго сакавте да се помрднете од мртва точка, животните ситуации да се подобрат, но се’ е неверојатно тешко. Не сте некој што има трпение. Бидејќи денес, без сомнение, сте напнати и нервозни, тоа најпрво ќе го почувствува партнерот.

Скорпија
Среќните пресврти следени со ненадејната промена на судбината – ги прават наредните моменти интересни. Доколку не сте на одмор, или ако размислувате за договори и финансиски трансакции, вистински момент е за остварување поволен исход. Искористете ја шансата која ви се нуди.

Стрелец
Сериозни сте и поодговорни отколку што би требало. Не се чувствувате најдобро, што се одразува на околината. Ги наметнувате своите ставови кои понекогаш не се на место, се’ може да се случи ако дојдете во конфликт: ќе биде возбудливо.

Јарец
Оптимизмот се чувствува во воздухот. Се наѕираат можности за пресврт во работата или во нешто што ви е битно. Во фаза сте на собирање сознанија и користење претходни искуства, за да не се сведе се’ на теорија. Среќни околности ви одат од рака. Искористете ги.

Водолија
Сите ваши потфати се одвиваат бавно и макотрпно. Можеби тоа е субјективно доживување, но сознанието дека не можете да се потпрете на никој ве мачи. Како на сите да им е потребна вашата поддршка. Се советува одмор.

Риби
Работите повеќе работи истовремено, тоа се одразува на квалитетот. Квалитетот не е ни оддалеку онаков каков би требало да биде. Бидејќи желбата за стекнување знаење е силна, но и желбата за осаменост, во изолација читате работи кои ги прошируваат хоризонтите и ве смируваат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>