Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (30.06.2022)

Овен
Преокупирани сте со обврски, а имагинацијата е засилена, нови идеи ви се мотаат низ глава. Се е одлично, но, сепак, постои опасност да тргнете по погрешен пат. Морате да го вклучите и здравиот разум. Комбинацијата од фантазија и реалност е она спрема што треба да тежнеете.

Бик
Успеавте да ја пребродите кризата и да испливате од проблемот, посебно од оној проблем кој директно влијаеше на вашето расположение. Работите повторно ги држите под контрола, успешни сте и задоволни. Сите околности ви одат од рака, па искористете ги.

Близнаци
Ви годи дружење со уметници, бидејќи и самите поседувате талент. Низ разговор со луѓето што се занимаваат со уметност и вие размислувате како да се изразите креативно и посебно се инспирирате. Денот е одличен за љубов, па обидете се и тоа да го вметнете во дневниот ред.

Рак
Размислувате за љубовта, за уметноста, за филозофијата и за сите пријатни нешта. Доколку не сте конкретен актер во овие случувања, го правите тоа на индиректен начин. Се обидувате да најдете компензација за незадоволството. Преземете нешто поконкретно.

Лав
Размислувате за завршување на некоја врска или однос кој досега не вродил со плод. Не сакате повеќе ништо да трпите, а чувството дека сте спречени во нешто постојано ве гони. Конечно сфативте од каде дува ветерот, проблемот го артикулиравте, а сега преостанува финалното пресметување.

Девица
На Девиците и понатаму им се смее среќата. Олабавете се и уживајте во неа. Под услов да имате нов извор на приходи, тешко ќе најдете време за разонода и уживање, но самото сознание дека некој го почитува вашиот труд и плус одлично ве плаќа, ви годи.

Терезија
Обидете се да се дистанцирате од се што бара вие да го кажете вашето мислење, а што може да ве доведе во конфликт со околината. Дали вреди за што било да се карате и да ги прекинувате пријателствата? Бидејќи ништо не постигнувате, само се нервирате, избирајте неутрални теми.

Скорпија
Иако од желба за наметнување на сопствените убедувања врз околината имате само штета, тоа е посилно од вас. Моментално таа ваша супериорност е голема препрека во функционирањето. Пожелно е понекогаш да се глуми беспомошност. Планетите ви препорачуваат да се вразумите.

Стрелец
Се уште сте добро расположени, но доколку ви се расипе расположението, ќе имате незгодна ситуација. Партнерот го идеализирате, па наскоро може да се разочарате. Денот е идеален за уметност, а лош за материјални вложувања и за практични работи.

Јарец
Деловен успех, задоволство постигнато со остварување на вашите цели, тоа е знак на денешниот ден. За негативните реакции на околината немате време да обрнете внимание, бидејќи сте преокупирани со обврски, не само деловни туку и приватни. Размислувате за преселба во странство.

Водолија
Бидејќи работите повеќе работи истовремено, малку се одморате, а многу се нервирате, стресната состојба е повеќе од евидентна. Аеробикот и спортувањето се одлично решение за излегување од кризата. Доколку сте пасивни, очекувајте разбирање од околината.

Риби
Искористете ја интуицијата и креативноста на вистинскиот начин доколку сакате да бидете задоволни. Во спротивно, ќе мислите дека убавите работи им се случуваат само на другите. Уживајте во убавото друштво и не отфрлајте ја љубовта. Лав или Скорпија се обидува да ве заведе.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>