Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (30.03.2018)

Овен
Пожелно е да ги намалите физичките активности и да почекате се да мине, посебно вашата изнемоштеност. Постојат работи кои можете да ги извршувате, на пример, читањето. Бидејќи пасивно го поминувате денот, ве очекуваат позитивни искуства поврзани за патување или истражување на духовните подрачја.

Бик
Постигнувате огромен успех. Во посебно поволна позиција се наоѓаат оние припадници на знакот кои се занимаваат со проучување на филозофија, уметност и теологија. Морате да се чувате од незгоди и изнудени одлуки. Доколку го зголемите вниманието, ризикот ќе го сведете на минимум.

Близнаци
Мисловниот процес е засилен. Воочувањето на најситните детали го решава проблемот. Во текот на денот се менуваат енергетските текови, од засилени бранови до бранови на изнемоштеност, така што се советува одмор. Слободното време поминете го во релаксирана атмосфера.

Рак
Склоноста кон флерт е нагласена, па внимавајте на тоа. Скандалот е нешто што моментално најмалку ви треба. На духовно ниво постигнувате успеси додека на материјално поле ништо не е лесно. Можеби навистина не можете да го уочите проблемот.

Лав
Да не претерувате случајно со изливите на нежност и во врзувањето на партнерот за себе? Бидејќи сте склони кон идеализирање, можете да увидите дека си создававте лажна претстава за саканото лице. Многу често ви се случува тоа, па разочарувањето може повторно да се случи.

Девица
Бидејќи разни содржини се пред вас, внимавате во тоа да не претерате. Обидете се да се дистанцирате од случувањата и да не се нервирате без потреба. Невнимателни сте, помалку расеани, а со самото тоа и склони кон повреди. Внимавајте.

Терезија
Се наоружавте со трпение, па не ви пречи бавниот прогрес. Се свртивте спрема креативната работа и планирањето на убавите случувања, премногу убави за да бидат реални. Шанса да одите на пат постои. Не очекувајте премногу од тој пат за да не се разочарате.

Скорпија
Во фаза сте на преобразување, свесни дека морате да вложите напор и трпение за да го решите проблемот. Ништо не паѓа од небо, па и решението на вашиот проблем е тешко да се најде, ви треба навистина многу енергија. Се ќе дојде на свое место.

Стрелец
Размислувате како да решите важен проблем. Иако сте подготвени да тргнете во акција, повеќе околности можат да ви пречат. Станува збор за подложност на вирусни инфекции и ослабен имунитет. Ја расфрлате силата и времето на споредни работи, фантазирате за невозможното.

Јарец
Се возбудувате без потреба. Работите ќе ги направите, но со вложување многу енергија, така што кон крајот на денот може да се прашате дали било неопходно тоа? На емотивен план, ситуацијата е непредвидлива. Планирате веридба или венчавка. Постои склоност кон брзо вљубување.

Водолија
Доколку некој се обидува да ве исфрли од колосек, обидете се да го зачувате здравиот разум. Можни се деловни нервози и грижа врзана за домашните. Фатете се во костец со својата природа, која не е наједноставна. Свртете се спрема работите од кои можете да имате корист. Пречувствителни сте.

Риби
Вредни сте, расположени и истрајни. Позитивните особини се во прв план. Може да се рече дека сте идеални, но благата доза посесивност и љубомора ве кочат во многу напори. Слободните моменти ги поминувате со лицата што ги сакате, партнерот, децата или пријателите. Убаво ви е.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>