Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (30.01.2023)

Овен
Крајно време е да почнете да размислувате за промена на работата или за нов начин на пристап на постојната работа. Стрелецот од вас очекува исполнување на зададените ветувања. Доколку не сте во можност, другпат ветувајте само она што можете да го исполните. Околината почна да забележува некои ваши негативни црти.

Бик
Не знаете што сакате. Постојано сте во трчаница, а немате јасно разработен план. Конфузија владее на сите страни, па морате да го намалите темпото, да ги систематизирате работите и да ги извршувате една по една. Не влегувајте во расправии со партнерот, зашто ништо нема да постигнете со зборови. Покажете му со дела каде му е вистинското место.

Близнаци
Пред вас е успешен работен ден. Бидејќи главните резултати доаѓаат со извесно задоцнување, а вие сте работно ориентирани, не обрзнувате внимание на тоа. Бидете внимателни со луѓето, зашто можни се киксови предизвикани од непочитување и клевети. Пожелно е помалку да зборувате за другите, а повеќе за себе.

Рак
Сакате да ги задоволите потребите од интелектуална природа. Ви се нудат можности во вид на изложби, кино или литература. Одлучете се за нешто во паузата меѓу работата и домашните обврски. Можеби ќе најдете средно решение, додека готвите и читате интересна книга. Добро се чувствувате.

Лав
Работите исклучително напорно, така што немате сила да се радувате кога ќе ја завршите работата. Изложени сте на брутални напади од страна, насилства и склони сте на повреди. Доколку бидете трпеливи и тактични во борбата со проблемите, постои шанса да уживате во тивка среќа. Во спротивно…

Девица
Благодарение на здравото резонирање постигнувате забележителни резултати. Ќе бидете во ситуација да убедувате некого. Се повлекувате во осаменост за да ги завршите сите работи. Доколку имате проблеми со кожата и рефлексните канали, обратете се за помош кај специјалист. Ќе имате успешна размена на идеи со Стрелците.

Терезија
Прагот на толеранција ви е намален, па се нервирате за секоја ситница. Таман ќе решите еден проблем, се јавува друг. Бидејќи сте полни со идеалистички тежнеења и фантазии, приземните настани никако не ви одат во прилог. Со партнерот расправате за тоа кој од вас повеќе вреди. Влегувате од грешка во грешка. До кога?

Скорпија
Се’ ви паѓа тешко. Причината за чувството на тежина лежи во болната состојба на телото и духот. Причините треба да се бараат во наследните тегоби, ревматски проблеми или расипаните заби. Машката популација го потенцира незадоволството. Начинот на кој тоа го прави, навистина е индивидуален. Дали е во прашање љубомора или нешто друго?

Стрелец
Многу Стрелци влегуваат во поволен деловен период, придружен со добра финансиска ситуација. Сакате да работите, особено ако работата и лично ве интересира. Треба да се биде внимателен поради завидливите личности, кој не ја гледаат вашата работа, туку само резултатите. Направете селекција на пријателите.

Јарец
Во разговор се чувствувате непријатно. Можеби сте срамежливи или постои некоја друга причина? Планирате да завршите врска или пријателство, но сакате уште еднаш да се уверите во исправноста на таа постапка. Бидејќи постои шанса да отпатувате, подгответе се психички за пат. Завршувате важна работа.

Водолија
Размислувате претежно за љубовта. Партнерот, децата, внуците – сите ги сакате. Со непредвидливоста можете да ги расипете односите со околината. Доколку некој ве изнервира, ќе реагирате интензивно во толкава мера, што споменатите чувства ќе паднат во вода. Советот е максимална контрола.

Риби
Ќе воспоставите доминација на работа. Доколку соработувате со Стрелците, ќе имате шанса да остварите заеднички профит. Пожелно е да попуштите и да се приклоните на нивното царство. И Скорпиите ви се наклонети. Само кога би успеале да бидете подиректни во барањата и да не избегнувате одговорности. Тогаш би биле идеални.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>