Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (30.01.2019)

Овен
Сфативте дека од мудрување не се живее, затоа тргнете во акција. Кај вас се се случува молскавично, па таква е и денешната одлука. Со Водолија оставрувате одлична соработка на сите полиња. Правилата на игра поставете ги вие и бидете внимателни.

Бик
Ви годи дружење со уметници, бидејќи и самите поседувате талент. Разговарате со луѓе кои се занимаваат со тоа , затоа и добивате многу инспиративни моменти. Денот е одличен за љубов, потрудете се да го искористите тоа.

Близнаци
Ве окупираат обврски, но денот е поволен за склучување на договори и размислување за тоа. Поседувате зголемени ментални способности, ќе избегнете непријатни ситуации. Слободните моменти поминете ги со работи кои ги сакате. Книжевноста е на прво место.

Рак
Смислата за форма е силна, но тоа не значи дека треба да бидете формалисти. На партнерот му наоѓате мани, конечно сфативте дека тој во вашиот живот ја свири втората виолина. Потребно ви е нешто посилно што ќе може да ве понесе, на пример Бик. Затоа тргнете во акција.

Лав
Добро се чувствувате. Расположението е променливо, но тоа за вас е нормална работа. Ви пречат личности кои е се во форма да ги проценат вашите реални можности. Поддршка , макар и со зборови секому му прија. Насочете се кон партнерот, тој ве разбира.

Девица
Во друштво се трудите да ја докажете исправноста на своите гледишта, но околината не ве сфаќа. Мислите дека сте вообразени. Доколку некој сака да ве разбере мора многу да се потруди. Проблемот овој пат не е во вас, луѓето не се сопсобни да го пратат вашиот ментален склоп.

Терезија
Се занимавате со она за што имате најмногу смисла, а тоа е уметноста. Доколку сте активни, барем пасивно уживајте во туѓите креации. Растргани сте на повеќе страни, но се успевате да обедините. Имате време за дружење, а особено за љубов.

Скорпија
Сте приметиле колку често размислувате дека сте најпаметни? Не сте ни свесни колку на околината и пречи вашата самодоверба. Тие мани морате под итно да ги совладате во спротивно ќе патите. Партнерот се засити од тоа, затоа и ќе се дистанцира.

Стрелец
Тема на неделата се брачните односи. На тој план сте пречувствителни и сметате дека партнерот многу бара а малку возвраќа. Проблемот е субјективен, порудете се извесно време да се дистанцирате. Бидете почесто во кругот на семејството, таму ќе најдете мир.

Јарец
Слободните моменти искористете ги за занимавање со хоби. Задолжително шетајте покрај вода, таа ќе ве поттикне да размислувате повеќе, па ќе бидете на праг на создавање на нови животни дела. Ако сакате да имате повеќе енергија, опуштете се.

Водолија
Иако ситуацијата бара големи промени, успешно ја совладувате. Брзоплето носите одлуки, и молскавично дејствувате, баш онака како што одговара на вашиот темперамент. Ако се дружите со Овен, кризата ќе ја пребродите полесно.

Риби
Се правите за да ги расипете односите со партнерот, па не е ни чудо што имате љубовни јадови. Разочарувањата имаат причина, а покрај тоа тие се наоѓаат и во вашата природа. Не сте подготвени за компромиси а уште помалку за промени.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *