Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (30.01.2018)

ОВЕН
Агилни сте и подготвени за акција. За вистинско чудно и великодушни сте, па од Вас не се жалат. Иако бавно напредувате, сепак не се откажувате. Сигурно чекорите. Во фаза сте кога работните обврски и емотивните врски силно влијаат на Вашето расположение. Спортувајте со што ќе се задржи Вашиот ентузијазам.

БИК
Имате силна волја и желба она што сте го зацртале да го остварите до крај. Припадник сте на фиксен знак, па ако не го постигнете она што сте го замислиле ќе збеснете и ќе се разболите. Внесувајте помалку само-определба за да го зачувате здравјето на луѓето околу Вас. Избегнувајте расправии!! Тие само ќе Ви наштетуваат.

БЛИЗНАЦИ
Ви недостига цврстина да истраете до крај во нештата. Морате да се потпрете на партнерот или на член од Вашето семејство за да Ви даде кураж. Кон себе, бидете објективни за да го остварите саканото, а тоа ќе резултира со среќа. Ситуацијата од Вас бара да сте адаптибилни.

РАК
Максимално искористете ги сопствените потенцијали и не пропуштајте ги шансите кои Ви се нудат. Ви претстојат одлични шанси, но Вашата мрзеливост може негативно да влијае по однос на истите. Чувството за самокритичност е особено нагласено па проанализирајте се себе си и утврдете ги сопствените грешки. Бидете објективни и мудри.

ЛАВ
Доминирате во ситуациите, а и со луѓето благодарение на хипер-енергичноста. Претендирате да го подобрите Вашиот финансиски и материјален статус, па на секоја ситуација и пристапувате аналитички и низ профитабилна призма. Ви се враќа оптимизмот и шансата за просперитет. Само храбро!!

ДЕВИЦА
Мора да размислите за самите себе си и за ситуациите во кои сте имале подеми и падови и на крајот на денот извлечете заклучок кој ќе Ви биде водилка. Воздржани сте, па во ситуацијата која се наоѓате чини да сте расположени. Топлата семејна атмосфера и тоа како Ви годи на спокојот и расположението, пааа.. уживајте!!

ВАГА
Промените Ви годат!! Подинамични сте од било кога. Размислувате да се занимавате со нови активности или пак да се усовршите во областа во која сте. На прав пат сте да го остварите она што сте го наумиле, но фокусирајте се. Ова особено важи за женските припадници на знакот, за мажите е полесно благодарение на планетарните влијанија.

СКОРПИЈА
Тежнеете да се реализирате на материјален план така да денот ќе го посветите на тоа прашање. Важно е да се потрудите па резултатите ќе дојдат сами по себе. Благодарение на интелигенцијата и хуморот на сопствена сметка лесно ги совладувате препреките и ги освојувате симпатиите на луѓето околу Вас.

СТРЕЛЕЦ
Денес Ве прати оптимизам и среќа, иако можно е да се актуелизираат некои нерасчистени сметки од минатото. Но, занемарете ги и со оптимизмот зачекорете цврсто напред кон нови победи. Забавувајте се со блиските и шетајте!!

ЈАРЕЦ
Постои голема можност да станете тотален мрзеливко денес. Самотијата и тоа како Ви годи. Но, никако не дозволувајте ваквата ситуација да потрае. Од одредени ликови сте се дистанцирале и сте потаинствени, па планирате да ги заладите одностите. Претпазливо!!

ВОДОЛИЈА
Премногу сте ограничени, па помалку и претерувате. Околината не Ве сфаќа озбилно бидејќи нештата не ги презентирате на озбилен начин. Ви претстои период на подем, но внимавајте и потпрете се единствено на сопствените сили и интуиција. Нова љубов е на повидок.

РИБИ
Денес макотрно работите, под полна пареа. Концепиравте јасни цели, па фокусирајте се да ги реализирате во целост. Имате нагласена потреба за реални и конкретни нешта. Ќе бидете задоволни од самите себе.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *