Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (27.11.2023)

Овен
Малку сте нервозни поради натрупаните деловни обврски, а ве мачат и финансиите. Партнерот е многу подобро расположен, па денеска ќе ви биде од голема помош. Добри односи во семејството и со децата.

Бик
Мошне добро сте расположени, иако ви недостасува сталоженост. Односот со саканата личност не ви е идеален. Вниманието е свртено кон краткотрајните љубовни врски, а вам тоа денес ви оди од рака. Одлично здравје.

Близнаци
Партнерот покажува многу внимание кон вас, а тоа е нешто што вам исклучително ви годи. Се подготвувате за кус пат деновиве. Финансиите денес се незначително подобри од порано. Помали недоразбирања со пријателите.

Рак
Конечно еден ден во кој и вие можете да се опуштите. Претходните денови ви беа исклучително напорни, па денешната опуштена атмосфера добро ќе ви дојде. Клучниот проблем со партнерот не го решивте. Очекувајте добивка.

Лав
Работата ви тргна нешто подобро, иако се’ уште нема вистински финансиски резултат. Со партнерот одлично се согласувате во љубовта, но можни се помали проблеми на интелектуално ниво. Внимавајте на здравјето.

Девица
Минавте исклучително пријатна ноќ со саканата личност. Иако сте чувствителни, не дозволувате лесно да бидете повредени. Имате идеална шанса наскоро да одите на убаво патување. Внимавајте на грбот и водете сметка што пиете.

Терезија
Денеска ве очекува убаво и безгрижно дружење со пријателите. конечно и вие малку да се олабавите од напорните расправи и убедувања. Ситуацијата на работа е добра. Финансиската состојба се подобрува.

Скорпија
Работата ви тргна одлично, па денес конечно ќе бидете задоволни со својата финансиска состојба. Ситуацијата во љубовта ви е подобра од инаку. Подгответе за скорешно патување. Здравјето е одлично.

Стрелец
Ќе доживеете пријатно изненадување од саканата личност. На повидок се добри вести од странство, а можно е наскоро да одите и на подолго патување. Финансиите ви се нестабилни. Бидете внимателни во сообраќајот.

Јарец
Премногу сте таинствени, дури и за својот знак. Имате потреба да не зборувате многу, што е можеби и добро. Финансиите ви слабеат, но ви претстои добивка на игри на среќа. Наклонети сте кон тајни врски.

Водолија
Иако односите во семејството се стабилизираа, денеска ќе имате помал судир во домот. Со саканата личност имате сосема хармоничен однос. Здравствената и финансиската состојба ви се подобруваат.

Риби
Две нешта во кои денес уживате се љубовта и работата. На работа можеби ќе добиете и јавно признание или пофалба за постигнатиот успех. Љубовниот живот ви е исполнет, особено на еротски план.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>