Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (29.09.2018)

Овен
Доколку бидете мудри и трпеливи ќе имате шанса во наредниот период да ги совладате сите пречки. Ако сакате до резултатите да дојдете веднаш ќе имате проблеми. Пожелно е итно да извршите преструктуирање на времето доколку сакате да ја остварите животната цел. Нека не ве изненадат вирусните инфекции, кои прво ќе го нападнат грлото.

Бик
Не ви е лесно, но затоа состојбата во која се наоѓате е корисна. Времето работи за вас. Успехот е делумен. Бидејќи сте перфекционист нема да бидете задоволни, но ако го промените гледиштето ќе ја сфатите суштината. Внимавајте да не добиете повреди во сообраќајна незгода. Безволноста е една од замките што може да го загрози вашето здравје.

Близнаци
Дистанцирајте се од сѐ што ве повредува. Доколку продолжувате со ова темпо, ќе останете сами. Колку вие придонесовте околината така да се однесува кон вас? На работното место можни се незадоволства и застој. Бидете трпеливи. Некои од вас утеха за ирационалните стравови наоѓаат во алкохолот, додека жените ќе имаат гинеколошки проблеми.

Рак
Силната волја ви е нагласена за што сведочат и постапките, кои ќе ги преземете овие неколку дена. Ви успева да се усогласите сами со себе. Излеговте од фазата на апатија, така што се активирате на повеќе фронтови. Пред вас не е само интелектуална работа, туку и физичка работа, која со задоволство ја прифаќате. Емотивно сте задоволни, па сте и здрави.

Лав
Силата ви е нагласена. Свесни сте за сопствените вредности, но и за сериозноста на ситуацијата. Сфаќате дека немате време за губење. Надоместете го пропуштеното. Во фаза сте на правење планови за новите деловни проекти. Во конфликтот меѓу желбите и можноста настојувате да ја најдете златната средина. Здравјето не во најдобра состојба.

Девица
Влегувате во малку депресивен период. Имате чувство дека ништо не ви поаѓа од рака. Се тешите дека следната седмица се’ ќе биде подобро. Вложувате двоен напор во однос на остварените резултати. Безволни сте не само поради тоа, туку и поради други доцнења. Избегнувајте ги новопочнатите проекти.

Терезија
Сега сте во релативно добар астролошки период. Планетарното влијание ве прави среќни. Во фаза сте на избор од неколку понуди. Опкружени сте со лица на кои не можете да се потпрете. Лошата деловна комуникација ве прави незадоволни. Она што зависи од вас моментно е под контрола. Расположението е променливо.

Скорпија
Донесувате важни одлуки. Се двоумите, бидејќи од некоја дадена ситуација сакате да извлечете максимум. За жал, нешто ќе мора да жртвувате. Под услов да ја совладате состојбата на мрзеливост, шансата да остварите успешен деловен период може да биде искористена. Се’ зависи исклучително од вас.

Стрелец
Најзборливи сте од сите астролошки знаци. Но, внимавајте, некои погрешно изговорени зборови може да бидат фатални. Извесните случувања ве прават емотивни, што влијае на вашето интелектуално размислување, па работата може да трпи. Проблемите со жлездите, хормоните и менталната деструкција може да бидат лоши под услов нешто да не преземете.

Јарец
Со упорност и посветеност имате можност да постигнете сѐ што сте наумиле. Зошто ве обземаат мрачни мисли? Амбициозни сте, упорни и работливи. Благодарение на вишокот енергија и кристално јасните желби доаѓате до посакуваната цел. И планетите се заслужни за успех. Иако имате предуслов за добро здравје се јавуваат проблеми како пречувствителност.

Водолија
Во хармонија сте со сами себе, а и со другите. Цела седмица минува мирно, во работа. Не очекувајте ништо спектакуларно. Конфликтната ситуација ја држите под контрола. Со ладнокрвниот став ја изненадувате својата средина. Сите околу вас сакаат да се расправаат со вас, така што постојано ве провоцираат. Бидете внимателни, бидејќи постои опасност да добиете некакви повреди.

Риби
Доколку од наредните случувања очекувате нешто епохално, само ќе се нервирате и ќе бидете незадоволни. Радост може да почувствувате од мали работи. Напредување на работното место. Успех очекувајте во професиите што се поврзани со воспитно-образовната работа. Не дозволувајте колегите да ви се мешаат во работата. Несигурноста и ниското ниво на психичка енергија укажува на извесен здравствен проблем.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>