Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (29.06.2022)

ОВЕН
Ќе се занимавате со специфични проблеми, бегате од комплексни ситуации кои одамна ви се случиле. Едноставно избегнувате отворено да се соочите со проблемите. Имате најразлични желби и надежи. Избегнувајте емотивно инволвирање во туѓи тешкотии бидејќи сопствени имате премногу. Се наоѓате во фаза на духовна еволуција.

БИК
Лошата проценка негативно влијае врз вашиот нервен систем. Однапред планирате нешта кои зависат од аспекти кои не се под ваша ингеренција, па немојте да се разочарате доколку не дојде до нивна реализација. Од партнерот очекувате многу, а давате само малку. Многу сте далеку од идеални односи, иако не сте сосема свесни за тоа. Единствено, кураж ви даваат планови врзани за странство.

БЛИЗНАЦИ
Имате чувство дека сите врати ви се затворени. Како целиот свет да се свртел против вас, па никако да се придвижете од мртва точка. Бидејќи интелектуалниот процес е ограничен, не се жалете на сопствената судбина, туку занимавајте се стари нешто кои ве релаксираат. Добар шопинг би ви помогнал.

РАК
Опседнати сте со сопственото здравје. Но, не сте свесни дека поради физичка исцрпеност и лоша комуникација со околината, плус дополнителна емотивност, сигурно си насукувате болест. И навистина, слаба точка ви е организмот. Овие денови ќе ви се укажат шанси за нова работа. Со Девица би можеле да имате конфликтна ситуација, па подобро држете го јазикот зад заби.

ЛАВ
Од една страна, ви недостигаат волја и упорност, а пак од друга страна, правите мегаломански планови без реална подлога за нив. Бидејќи се наоѓате во негативна фаза и слаб телесно-ментален склоп, подобро е да бидете попасивни и мирно да го пречекате вистинскиот момент. Ќе биде тешко бидејќи трпението ве издава.

ДЕВИЦА
Многу работни обврски, жртвувања и високо ниво на концентрација, но под еден услов – да бидете здрави. Овие денови не носете круцијални одлуки бидејќи можат да бидат на ваша штета. Со смиреност ќе ја надминете кризата. Нагласен е ризикот од инфекции.

ВАГА
На материјален план се соочувате со потешкотии, па фокусирајте се кон духовните аспекти. Ќе бидете помирни, а со самото тоа и поздрави. За Вагите важи правилото – повеќе трошите отколку што заработувате. Со партнерот не се согласувате најдобро бидејќи тој мисли дека не сте домаќински расположени.

СКОРПИЈА
Свесни сте за моменталните околности и покреативни од вообичаено. Финансиската ситуација се менува со брзина на светлината, и тоа кон подобро. Ова е поволен ден за финансиски трансакции, договори и деловни активности. Доколку планирате усовршување – започнете одма бидејќи ѕвездите ви се наклонети. Љубовта може да почека.

СТРЕЛЕЦ
Денот е во знак на пријатни изненадувања. Ве очекува успех во креативни нешта, со оглед на тоа дека поседувате голем талент. Воопшто не ви е лошо, иако мислите дека би можело да биде и подобро. Тек кога работите ќе тргнат наопаку, ќе сфатите што сте имале или што сте можеле да имате. Препорачливо би било да бидете свесни за моменталните аспeкти и да уживате во секој миг.

ЈАРЕЦ
Помирете се со фактот дека сè се постигнува со сопствен труд. Тоа е реалноста! Можеби на суднината можете да влијаете, но не сакате. Горделиви сте, па од другите не барате никакви услуги. Дури на сопствен грб ги товарате и туѓите обврски. Врската во која се наоѓате е чиста симбиоза, а партнерот е приказна за себе.

ВОДОЛИЈА
Ограничувања на сите страни. Имате чувство дека ќе пукнете од мака. Иако тоа јавно не го покажувате, во себе се јадете и не се чувствувате пријатно во сопствена кожа. Затоа избегнувајте кавги со околината и не ги комплицирајте нештата доколку сакате да излезете од криза. Исто така, избегнувајте го и партнерот во рамките на дозволеното.

РИБИ
Можни се ограничувања на материјален план, но затоа духовните искуства се многу богати. Бидете среќни поради тоа. Фокусирајте се на своето хоби и нешта кои имаат видливи резултати. Некои планови нема да се остварат поради нешто кои се вон вашите ингеренции.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>