Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (29.05.2019)

Овен
Немате причина за паника, сите работи ги држите под контрола. За благата нервоза потрудете се да најдете оправдување и покрај тоа што тешко ви оди. Можеби прошетките со партнерот би биле најдоброто нешто за вас. Пробајте, нема што да изгубите.

Бик
Во свој елемент сте, задоволни колку што ви го дозволува тоа вашата природа. Акцент ставете на перфекционизмот и хармонијата, а не на емотивниот живот. Сакате да се докажувате и да работите на себе, партнерот е во втор план. Исполнети сте, а тоа е најбитно.

Близнаци
Желбата за изолација е евидентна, но и потребата да владеете со ситуацијата. Се однесувате во согласност со објективните тешкотии, по цена емотивно да трпите. Совесни сте и одговорни, затоа и навремено ќе ги завршите сите обврски. Ќе победите во секоја битка.

Рак
Имагинативните моќи се нагласени, а тоа поволно се одразува на припадниците на знакот што се занимаваат со уметност и бизнис. Ве очекува голем успех на сите полиња, но продолжете да бидете активни. Доколку играте наградна игра, може да имате многу среќа.

Лав
Во одлична форма сте и од секоја ситуација го извлекувате максимумот. Ги предвидувате работите што треба да ви се случат и се однесувате така како што ви налагаат. Ќе бидете среќни само доколку продолжите со ова темпо. Послушајте го советот од блиските.

Девица
Бидејќи имагинативната моќ е нагласена, занимавајте се со уметност и работи за кои е неопходна фантазијата. Не губете сила на области на кои не можете да влијаете, така само ќе се нервирате. Успех може да очекуваат припадниците на знакот што се занимаваат со уметност.

Терезија
Земете здив, среќни сте и задоволни. Посебна радост ви причинуваат партнерот и лицата што ги сакате. Многу припадници на знакот се наоѓаат во фаза на заљубување и непланирани случувања поврзани со венчавка. Продолжете со тоа темпо, нема да згрешите.

Скорпија
Посебни возбудувања може да очекувате во домот и семејството, но немојте да дозволите тоа да ве исфрли од контрола. Домашните се такви какви што се, треба да заземете одлучен став и да излезете на крај со нив. Колку ќе успеете во тоа зависи од вашата трпеливост.

Стрелец
Решени сте да потрошите голема сума пари за нешто за што веќе долго време размислувате. Денот ќе ви помине нервозно, нема да остварите се што сте замислиле. Можеби шопингот е начин за да го компензирате незадоволството. Внимавајте на партнерот.

Јарец
Решени сте да се изборите со проблемите и да не го признавате поразот. Од наредните случувања очекувајте успех, а потоа и добар одмор што ќе ви помогне да се закрепнете. Помисливте дека се околу вас е црно, но најдовте излез од тунелот. Бидете среќни, ја пребродивте кризата.

Водолија
Напнати сте и наклонети на возбудувања. Се трудите да избегнете работи кои бараат вложување и непромислени акции. Бидете мудри, смирени и одговорни, тоа е рецептот за успех. Паниката може само да ве направи нервозни и незадоволни.

Риби
Моментално сте во извесна дилема. Недоумиците се однесуваат на патување и нови обврски. Со успех ќе ги совладате препреките, на крај од денот очекувајте подобрување на расположението. Некои лица ви влијаат стимулативно, ве очекува одлична соработка.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *