Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (29.03.2018)

Овен
Загрижени сте за судбината на една женска личност. Се обидувате да и’ помогнете, но во тоа тешко успевате. Затоа чувствата кај вас во последно време ќе бидат пренагласени, ќе бидете помалку повредени. Вината лежи во вас, вие во последно време сте многу невнимателни.

Бик
Работата која во последно време ја работите бара инспирација, но неа понекогаш ја нема. Бидејќи чувствувате потреба да ви помогне некој од страна, ќе бидете многу разочарани ако таа помош не ви пристигне.Морате да се потпрете на себе, но и на саканата личност.

Близнаци
За релативно добро расположение заслужен е партнерот. Тој успева да ве поткрене од зачмаеноста и да ве одведе на некое пристојно место. Дали се работи за театарска претстава или за домашна седенка – убаво ќе се чувствувате. Обидете се да ги вербализирате чувствата.

Рак
Вознемирени сте и помалку незадоволни. Ни самите не знаете што е причината за вашето расположение, но го препознавате, бидејќи е периодично, и без видливи резултати се повторува. Морате да бидете свесни дека некои работи зависат само од вас.

Лав
Моментално едно патување би можело да ве мрдне од мртвата точка и да ве извлече од секојдневната монотонија. Денот го поминувате некаде помеѓу сонот и јавето, реалноста и фантазијата. Не грижете се, патувања ќе има. Битно е да имате со кого да одите.

Девица
Иако немате опипливи резултати за среќа – добро се чувствувате. Камен ви падна од срце бидејќи се надзира крајот на непријатностите кои до скоро ве оптоваруваа. Стрпливи сте, бидејќи со оптимизам очекувате поволен исход на случувањата. Можен е краткотраен исход на случувањата.

Терезија
Фантазирате и планирате. Морате да бидете поконкретни, за да не се изгубите во илузии. Ви доаѓа време кога треба од зборови да се премине на дела. Вие со нетрпение очекувате. Во извесна ситуација и со причина, многу полагате. Обрнете внимание на надворешните околности.

Скорпија
Состојбата битно не се промени во однос на вчерашниот ден. И понатаму се евидентни без причина нервози и максимално трошење на силата на ситници. Бидејќи околу здравјето не мислите нешто посебно, морате да бидете свесни кога и да се грижите за своето здравје.

Стрелец
Само делумно се трудите, и тоа во областите кои неизмерно ги сакате. Што се однесува до останатото, ја префрлате одговорноста на другите. Ако имате покрај себе некој кој е спремен да ги пополни празнините во вашиот живот, блазе си ви. Во спротивно морате да го најдете.

Јарец
Доброто расположение продолжува. Имате потреба да направите нешто за да го промените имиџот. Причина за незадоволство нема. Моментално во прв план е љубовната среќа и радосните вести од помладите домашни. Штом подобро се чувствувате, поубаво и изгледате.

Водолија
Проблеми на сите страни. Таман мислите дека се решивте од едно, се јавува ново. Бидејќи важите за личност која умее да се избори на себе својствен начин, не грижете се, веќе сфаќате дека ситуацијата е неминовна и минлива. По темните облаци доаѓа сонце.

Риби
Изненадното случување во го враќа оптимизмот. Веќе се обидовте да се откажете од се’, но ситуацијата почнува да ветува. Немојте по обичај веднаш да градите кули во облаци, туку активно фатете се во костец со проблемите. Ништо нема да ви падне од небо.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *