Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (28.11.2022)

ОВЕН
Бидејќи ништо не сте сториле за да се промените, затоа не очекувајте промена. Само оние Овни што сфаќаат каде грешат и се обидуваат да ја контролираат негативната страна на карактерот можат да се надеваат на успех. Останатите ќе чувствуваат главоболка и ќе ги префрлуваат грешките на други.

БИК
Незадоволни сте од емотивниот живот и склони кон љубоморни сцени. Нешто во врската не ви е како што треба, па затоа сте несигурни. Добро размислете од тоа што не е во ред кај вас и коригирајте се додека не е доцна. Наскоро може да имате сериозни проблеми, ако не преземете нешто.

БЛИЗНАЦИ
Денес ви советуваме повеќе одмор и помалку работа. Немојте да се преоптоварувате со актуелните проблеми. Бидејќи сте свесни за сегашната ситуација, вас ќе ви биде полесно да истраете и да ги избегнете забрзаните реакции, кои би можеле да потенцираат проблеми.

РАК
Бидејќи размислувате да го поправите финансискиот статус, сите сили сте ги насочиле да успеете во тоа. Разни извори на приходи се во прашање, па затоа сакате да се активирате. Сигурно ќе успеете, бидејќи најбогатите луѓе се родени во овој знак. Ве очекува пријателски состанок.

ЛАВ
Тешко ви е да ја прифатите стварноста, бидејќи моментно не одговара на вашите очекување. Поради тоа, грешките се неизбежни. Сето тоа доведува до болест на емотивен и на здравствен план.

ДЕВИЦА
Само со трпение и упорност можете да излезете од проблемите. Не ви е лесно. Ако бидете непромислени, може да биде уште полошо. Здравјето ви е на удар, па бидете внимателни. Само доколку животот го прифатите како комбинација на поволни работи и уживате во него, ќе бидете на вистинскиот пат.

ТЕРЕЗИЈА
Прекрасен ден доколку се занимавате со уметност, а лош за практични работи. Свесни сте дека односите со спротивниот пол ви се во сериозна криза. Немате сила за да смените нешто, па затоа се обидувате за се’ да ја обвинувате околината. Субјективно вината им ја префрлувате на другите.

СКОРПИЈА
Денот на настанот е поврзан со јавноста, рокот и пријателството.На удар ви се Биковите, кои лесно можат да ве испровоцираат и да ви покажат дека знаат за некои ваши махинации. Можно е да се сретнете со судски органи.

СТРЕЛЕЦ
Бидејќи до резултатите доаѓате со поддршка, мора да бидете подготвени за соработка. Тоа вам нема да ви биде тешко, бидејќи знаете дека тоа ќе вроди со плод. Денот е совршен за финансиски трансакции, но, сепак, морате да бидете внимателни, за да не пропуштите нешто.

ЈАРЕЦ
Емотивното незадоволство ве прави депресивни. Бидејќи не сакате отворено да разговарате со партнерот во врска со тоа што ве мачи, се одлучувате да молчите. Тоа само ви ги комплицира работите. Во себе сакате да пукнете, а тоа лошо влијае на вашето здравје.

ВОДОЛИЈА
Бидејќи сакате работите да се случуваат така како што вие сте замислиле и затоа не се занимавате со потребите на другите. Обидете се да најдете дипломатско решение со Лавот и разбирање со вашиот однос. Лесно ќе се изборите со проблемите.

РИБИ
Поволниот период продолжува. Работа, пари, имот, декорација и други суштински работи. Тековните незадоволства во врска со тоа се само привремени. Не обрнувајте внимание. Имунитетот ви е ослабен, погрижете се за тоа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>