Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (28.11.2017)

Овен
Со брзина на молњата ги завршувате сите работи. Бидејќи сте растргнати на повеќе места, концентрацијата не е најдобра. Нервозата стана нормално нешто. Морате да бидете повнимателни и посмирени, опасноста ќе се појави во вид на незгоди, повреди или, пак, ќе ви се појави чир.

Бик
Немате причина за загриженост. Ѕвездите ви се наклонети, но тоа што на моменти ве фаќа депресија комбинирана со мрачни мисли само е последица на лошите планетарни влијанија. Доколку сакате да се ослободите, променете го ритамот. Порано легнете си, порано станувајте, и шетајте на свеж воздух.

Близнаци
И понатаму се дружите со Скорпии. Планетарните влијанија навестуваат дека тоа трае подолго време. Таа – тешка и посесивна, вие – матни, па кој подолго ќе издржи! Доколку ви досади, како по обичај, извлечете се и исчезнете. Не сте борец во онаа мера која ситуацијата ја бара од вас.

Рак
Доколку се занимавате со креативна работа, деца, рекреација и хоби – можете да бидете задоволни. Се’ на што можете непосредно да влијаете засега е под контрола, но не и она што зависи од другите. Затоа е можно да се нервирате. Некој на кого се потпирате, очигледно, не ги почитува правилата на игра.

Лав
Се чувствувате изневерено, бидејќи многу очекувавте. Потребна е извесна доза резервираност ако сакате да бидете задоволни. Бидејќи постои опасност од финансиска загуба, се советува внимание при ракување со пари или вредносни хартии. Не е време за заеми.

Девица
Повеќе ви одговара работа која бара ментален ангажман отколку физичка активност. Затоа размислете како да внесете иновации и да си олесните себеси. Морате да ја зголемите внимателноста во комуникацијата поради можност од повреди и насилни потези отстрана.

Терезија
Нагласените идеалистички тежнеења може да се изјаловат. Реалноста е посурова отколку што можевте да очекувате и да претпоставите. Се нервирате на повеќе страни. Партнерот ве убедува дека е во право, цените се зголемуваат, а пари никогаш доволно.

Скорпија
Свесни сте дека само максимално ангажирање може да постигне резултати. Бидејќи сте упорни и тврдоглави, сите активности се насочени кон тоа. Немате време ни трпение да чекате поволен момент, кога се треба да се одвива лесно. Морате по секоја цена да го решите проблемот.

Стрелец
Кај вас сe се случува непланирано. Вчера жаревте и палевте, а денеска се откажувате. Нормално, кога се префорсиравте и истрошивте огромно количество енергија. Многу припадници на знакот ќе имаат кардиоваскуларни пречки кои може да ги спречуваат во активностите.

Јарец
Плановите само делумно паѓаат во вода. Не е пријатно, ама што да се прави. Можни се пречки и субјективни проблеми, во зависност од годините и интересите. Знајте дека ситуацијата е минлива, помирете се и стрпливо чекајте.

Водолија
Периодот за добра заработка искористете го така што обврските на партнерот ќе ги преземете. Пари ќе има наскоро. Бидејќи станавте конфузни и тешки, можни се конфликти со оние со кои делите интересни сфери. За љубомора нема место, бидејќи сте во подобра позиција.

Риби
Во вечна потрага по нови содржини, барем не ви е досадно. Во ситуација сте да се снаоѓате со помош на стап и коноп, ама на крајот ја остварувате целта. Примена на иновации е можна, но стрпете се и почекајте уште некој ден. Дотогаш, чувајте го здравјето. Обидете се помалку да се нервирате.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *