Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (28.03.2019)

Овен
Во прв план ви е заработувачката. Вложувањето во разни берзански трансакции повеќекратно ќе ви се исплати. Полни сте со сила, па се занимавате со физички активности. Бидете внимателни. Морате да вложите максимум за да ги остварите денешните обврски. Ќе почувствувате емотивно задоволство.

Бик
Имате чувство како камен да ви паднал од срце, бидејќи повеќе не зависите од љубовните импулси, па можете нормално да дишете. Соберете сила за новиот налет на емоции, кој ќе биде многу поинтензивен од претходниот. Лице во знакот на Водолија само ќе се обиде да ве испровоцира.

Близнаци
Правите правилен пресврт во професијата. Благодарение на искуството и на познанствата, успехот е неизбежен. Бидејќи се наоѓате во состојба на пречувствителност и зголемена интуиција, искористете го тоа на вистинскиот начин. Внимавајте што потпишувате.

Рак
Со партнерот сте во хармонија, а и со родителите и со пријателите. Емотивноста е изразена. Нагласена е приврзаноста кон домот и семејството. Потребата да се грижите за некого, исто така, е нагласена. Спрема партнерот се однесувате родителски, а тоа, нормално, го нервира.

Лав
Зрачите со љубов, среќа и хармонија. Се чувствувате сакано, а за тоа треба да му се заблагодарите на партнерот, кој ве опсипува со нежност. Причината за доброто расположение не е само љубовта туку и почеток на нешто од кое порано се плашевте. Главоболката е последица на напрегање. Контролирајте го видот.

Девица
Од каде толку голема љубов спрема работата? Се е во знакот на работата и на правењето планови врзани за тој сегмент на животот. Веројатно, тоа е областа од животот што ја држите под контрола. Кога станува збор за нешто друго, не сте толку успешни, а многу повеќе сте несигурни. Близнакот многу ви одговара.

Терезија
Доколку копнеете за необични нешта, ќе ги добиете. Ви годи дружење со уметници и боемска атмосфера. Ситуацијата се искристализира. Знаете на што сте. Го решавате секој проблем многу лесно. Соберете сила за новиот бран случувања. Флертот со еден Стрелец лесно може да порасне во сериозна врска.

Скорпија
Се фаќате во костец со големите предизвици и потфати. Успешно ги решавате, па нема причина за нервоза. Благодарение на активниот дух, надевајте се на најдоброто. Пожелно е да се биде рационален во однос на физичкото преоптоварување. Имате вишок енергија, искористете ја правилно.

Стрелец
Ќе бидете во ситуација да му направите услуга на некого, а тоа повеќекратно ќе ви се исплати. Иако не поаѓате со пресметки, добро со добро се враќа. Интуицијата е засилена, уживањето во музиката изразено. Се наоѓате во добро расположение и во хармонија со самите себеси. Само во друштво на Близнак може да заборавите на нервозата.

Јарец
Имавте прилично бурни моменти или барем така ги доживеавте. Нервозите се зад вас. Сега сте во фаза на краток одмор и регенерација. Обидете се да ги нормализирате односите, не само со партнерот туку и со поблиската околина. Се е во знакот на големи осцилации на расположението и на физичката сила.

Водолија
Љубовта и пријатните изненадувања ќе ги направат интересни идните моменти. Едно лице постојано ве напаѓа. Никој не се сомнева дека ќе го прифатите предизвикот и ќе тргнете во љубовно освојување. Уште ако станува збор за Бик или за Девица, пријатните изненадувања ќе бидат многубројни.

Риби
Подобро е вие да им правите услуга и да им помагате на другите отколку да биде обратно. Денеска сте во таква ситуација. Нека не ве изненадат зголемената интуиција и интересирањето за окултни теми. Иако меѓу вас има и бизнисмени, тие се многу ретки, како и да е, овој пат навистина ги сакате парите. Ве очекува среќен период.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *