Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (03.03.2022)

ОВЕН
Заедно со целата одговорност што ја изразувате, не можете во потполност да ги задоволите сите свои соработници. Некој ве наговара да продолжите со почнатата работа и да не обрнувате внимание на придружните коментари или на различните предупредувања. Повремено чувствувате недостаток на волја или концентрација во извршувањето на некои рутински задачи.

БИК
Дејствувате афирмативно и имате слух за современи идеи, со кои можете да го унапредите својот деловен стил или професионално изразување. Имате прекрасна можност да завршите низа корисни работи, кои ќе ви донесат психичко олеснување и добра материјална сатисфакција. Здружете ги своите деловни интереси со проверен тим, кој ветува успешна и долгорочна соработка.

БЛИЗНАЦИ
Во неочекувани моменти мора да дејствувате многу трезвено, бидејќи различни пропусти прават дополнителна тензија и недоверба меѓу соработниците. Доволно сте вешти да ги остварите своите работни намери на некој ефикасен начин. Контактирајте лице кое има сигурни информации, потребно е да ги проширите своите информациски видици.

РАК
Дејствувате енергично со соработниците и поставувате нови барања, со кои сакате да ги унапредите своето професионално искуство и заеднички успех. Не дозволувате да има можност за ненадејни промени во деловните преговори. Сепак, со претераното истакнување на личните побарувања предизвикувате различни коментари меѓу соработниците.

ЛАВ
Битно ви е да ја подобрите својата позиција и влијанието на работната сцена, потребно е да го процените точниот крај во некои важни преговори. Меѓутоа, ве следи чувство на неизвесност, бидејќи соработниците често менуваат свое мислење или одлуки. Не криете дека имате големи очекувања во секој поглед , важно е да избегнувате импулсивни реакции.

ДЕВИЦА
Новите информации и случувања на деловната сцена ги потврдуваат вашите амбициозни очекувања. Сега многу барате и подготвени сте да преземете водечка улога пред соработниците. Сакате точно да ги дефинирате заедничките односи во деловните преговори и, исто така, сакате да се изборите за што подобри деловно-финансиски интереси и услови.

ТЕРЕЗИЈА
Изгледате многу амбициозно и се обидувате да го процените завршниот исход од сите позначајни случувања на деловната сцена. На соработниците им е важно да ги слушнат вашите идеи, но употребете професионални манири и дискреција, бидејќи постојат работи за кои не треба јавно да се коментира.

СКОРПИЈА
Доаѓате до недоразбирање со својата околина и имате впечаток дека некој од соработниците не го цени доволно вашиот напор и залагање. Понекогаш треба да прифатите потешки околности, за да ги елиминирате можностите од уценување или деловни контакти што не ги задоволуваат вашите основни критериуми.

СТРЕЛЕЦ
Сакате детаљно да се информирате за новите случувања на деловната сцена и да влијаете на нечие мислење. Меѓутоа, тактиката на која инсистирате секогаш не донесува позитивни резултати. Некој ве доведува пред краен чин и индиректно ги отфрла вашите идеи. Избегнувајте ситуации за кои немате доволно знаење, професионална умешност или практично искуство.

ЈАРЕЦ
Новите случувања на работа ќе бараат од вас зголемена концентрација и силна волја. Зголемете ја смислата за вистинските вредности и поставете си нови критериуми во зависност од актуелните случувања. Важно е правилно да го одредите своето место и улога во однос со блиските колеги. За емотивниот живот направете се’ што е потребно, но не по секоја цена и не на нечија штета.

ВОДОЛИЈА
Има многу проблеми што го менуваат вашиот секојдневен работен ритам, но со дополнителна упорност и кондиција можете да ги завршите обврските. Потребно е да одржите добро ниво на успешна соработка, за среќа, имате доволно позитивна енергија. Понекогаш различните комбинации изгледаат како дополнителна мотивација, важно е правилно да се организирате и да ги испочитувате зададените рокови.

РИБИ
Имате прифатено дополнителни обврски и активна улога во новите случувања на деловната сцена. Потребно е правилно да се информирате, пред јасно да ги дефинирате своите деловни интереси. Нема причина да ги форсирате своите цели пред соработниците, најдобро е вашите резултати да го илустрираат знаењето или способноста што ја поседувате.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>