Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (28.01.2021)

Овен
Не дозволувајте несигурноста на другите луѓе да ве поколеба во вашата одлука. Ако навистина мислите дека треба да направите некои работи – тогаш сторете ги! Не слушајте ги секогаш советите на другите. И самите знаете дека не може сите да имаме исти желби.

Бик
Денеска ќе се најдете под голем притисок. Ќе бидете растргани помеѓу саканото лице и ставовите на вашите родители, па затоа е најдобро да не донесувате никакви конкретни и конечни одлуки. Одете дома веднаш после завршувањето на обврските.

Близнаци
Уморни сте! Работевте многу во последниве денови и чувствувате како потполно да сте ги испразниле батериите. Префрлете дел од одговорноста и на своите колеги. Зошто, на крајот на краиштата, тие постојано би се провлекувале на вашиот труд? Нека се фатат за работа!

Рак
Подгответе се! Денеска вашиот шеф или претпоставен ќе ви даде толку многу обврски што нема да стасате ниту до полноќ да ги завршите! Објаснете му на шефот дека сето тоа не можете да го завршите веднаш и дека ќе земете дел од работата дома.

Лав
Се чувствувате како да го носите сиот товар на светот на сопствениот грб, но тоа нека не ве обесхрабрува. Продолжете понатаму и ќе видите дека по некое време работите сосема ќе се средат. На емотивен план би можело да се случи нешто интересно.

Девица
Вашата подобра половина бара поголемо внимание и време отколку што можете да и посветите. Немојте веднаш да почнете со хистерија и да ја напаѓате дека е нетолерантна и себична. Смирено обидете се да и објасните во каков хаос сте.

Терезија
Од каде во вас толку голема недоверба? Вашата подобра половина ви изјави љубов, а вие наместо да го прифатите тоа- размислувате и анализирате околу мотивите кои ја довеле до тоа. Ајде веќе еднаш сфатете дека единствен мотив е оној дека ве сака!

Скорпија
Денеска ќе се разбудите со голема количина на ентузијазам. Не дозволувајте никој да ја убие вашата расположеност. Уживајте во се што работите и се што ве опкружува. Со таквото однесување ќе влијаете врз деловната околина која ќе почне да го следи вашиот пример.

Стрелец
Не дозволувајте моменталното разочарување да ви ја убие волјата за понатамошните планови. Сетете се дека проблемите, кои за жал, се обвистинија, ги очекувавте. Затоа, стиснете ги забите и појдете во нови потфати.

Јарец
Уморни сте, а тоа ви предизвикува дополнителна нервоза. Денеска чувајте се од своите непримерни и агресивни испади, зашто луѓето од вашата близина навистина не заслужуваат такво однесување. Ако не можете да се контролирате, дистанцирајте се на некое место.

Водолија
Претерувате и на полето на работата, и на приватен план. Внимателно за да не изгорите, зашто тогаш никој нема да може да ве врати од пепелта. Време е да направите пауза, па затоа откако ќе ги завршите дневните обврски – не одете никаде, туку заминете веднаш дома!

Риби
Немојте да ги споредувате работите. Обидете се да сфатите дека не може секој ден да биде совршен, па затоа пробајте да извлечете максимум од денешниов. Немојте да се изненадите ако добиете телефонски повик од лице кое одамна не сте го слушнале и виделе.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *