Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (27.12.2017)

Овен
Ви недостига самоувереност и оптимизам, па затоа сакате од нешто да се откажете. Грешите! Морате да бидете трпеливи, бидејќи исходот ќе биде поволен. Пријателите ќе ве замолат за совет, па денот ќе го поминете во анализирање на нивните проблеми.

Бик
Избегнувајте нагли, непромислени потези и зборови, бидејќи веќе сте имале лоши искуства во врска со тоа. Внимателно со се’, за да не бидете жртва на туѓите махинации. Не сте ни свесни колку луѓето се зли и склони кон оговарање, а вие сте чувствителни.

Близнаци
Истражувачкиот дух стапува на сцена, така што правите се’ за да ја задоволите оваа потреба. Она за што треба да се загрижите се цигарите, кои веќе долго време ви создаваат здравствени проблеми. Доколку сте непушач, не значи дека нема да имате проблеми со белите дробови.

Рак
Опасноста на денот ве чека во вид на површност и избрзаност. Не ве држи место. Таман нешто ќе ви го окупира вниманието, се појавува нешто ново. И така по ред. Бидејќи држите до кариерата, правите план за тоа како да бидете уште поуспешни. Се колебате дали да ја прифатите новата понуда.

Лав
Многу време поминувате поради природата на вашата работа, надвор од домот, така што почнавте да му недостасувате на семејството. Направете нешто за да го ублажите вашето отсуство. Барем понекогаш јавувајте се на телефон. Проблемот на денот е нервозата која создава напнатост.

Девица
Поради некој во семејството со причина сте загрижени. Отворено поразговарајте, бидејќи чувството дека некој од вас нешто крие е навистина застрашувачко. Можеби причината за недоверба треба да се побара во тоа што вие не знаете да чувате тајни.

Терезија
Практичната страна на карактерот стапува на сцена. Ги цените луѓето и ситуациите од кои можете да имате корист. Такви сте вие, само што некогаш се преправате. Тоа, секако го правите несвесно, па околината греши кога ве доживува како непрактична личност.

Скорпија
Љубопитни сте, немирни и нервозни. Гледате дека пријателите го менуваат однесувањето спрема вас, а не знаете зошто? Морате да се запрашате колку сплеткарите и забошотувате? Можеби токму поради тоа се чувствувате одбиено, или пак се плашите од новата работа.

Стрелец
Проникливи сте повеќе од обично и склони кон окултното. Директно или индиректно, ќе ја задоволите оваа своја склоност. Доколку планирате купопродажба на недвижен имот, ова е вистински момент. Не двоумете се! Избегнувајте конфликти со партнерот, но и цигари!

Јарец
Благодарение на енормните идеи, ќе остварите завидни деловни резултати. Задоволни сте и оригинални, па често сте гостин на секое место. Бидејќи денес пријателите се на прво место, правете кратка пауза и во неа поминете пријатни моменти.

Водолија
Размислувате на креативен начин, динамични сте, склони кон разни шпекулации. Денот е во знакот на љубовта, но нема да бидете рамнодушни ниту кон другите нешта, како што се забавите и уметничките случувања. Доколку некој смета дека сте вообразени, запрашајте се колку има во тоа вистина.

Риби
И понатаму сте во хармонични односи со спротивниот пол. Се ставате на прво место, така што неизвесност нема. Можеби претерувате со разумните постапки, па би било пожелно да бидете помалку конвенционални, а повеќе релаксирани. Можен е јавен настап или работа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *