Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (27.09.2019)

Овен
Средба или разговор со една личност за вас претставува добитна комбинација. Најважно од се е новата ситуација да ја дочекате подготвено. Немате потреба да се однесувате театрално во друштво со саканата личност, ускладете ги интересите.

Бик
Потребни ви се сигурни информации кои ви ветуваат успешна соработка. Малку сте повлечени од околината. Кога е во прашање партнерот тогаш имате навистина добра проценка. Избегнувајте обврски кои ве заморуваат.

Близнаци
Денеска ќе предлагате нови решенија за полесно совладување на работните пречки. Нема потреба да ги потценувате соработниците за да ги остварите своите цели. На емотивен план правите лоша процена и имате погрешен впечаток за некоја личност.

Рак
Се плашите да не ве понесе некое важно случување. Умеете правилно да ја процените ситуацијата и да повлечете вистински потези. На емотивен план целосно сте занесени. Внимавајте на сигналите кои ви ги испраќа организмот.

Лав
Важно е да ги сочувате добрите односи со соработниците. Немојте да ја штедите креативната енергија. Изгледате вознемирено и загрижено, имате впечаток дека некои работи беспотребно ги трпите.

Девица
Внимателно анализирајте ги различните случувања на работното место. Доколку сакате да ги остварите своите планови прво треба да одморите. Вршите преголем притисок на партнерот затоа најдобро е да разговарате.

Терезија
Обрнете внимание на различните случувања од јавниот живот. Најважно е да се најдете на право место во право време. Потрудете се да го наметнете своето мислење пред саканата личност или да привлечете нечие внимание.

Скорпија
Потрудете се да оставите впечаток и да најдете граница помеѓу приватниот и професионалниот живот. Партнерот ве става во искушение и најдобро е да ги прилагодите заедничките интереси.

Стрелец
Сакате да ги претставите идеите на оригинален начин. Потребна ви е дипломатска нота и добра работна стратегија. Ќе ве израдува некој емотивен сигнал или гест на внимание.

Јарец
Немојте да верувате во се што ќе ви кажат другите. Бидете внимателни бидејќи немате доволно сила или концентрација. Со одредена причина ги прикривате емотивните намери пред партнерот.

Водолија
На соработниците им се допаѓа вашиот начин на размислување. Важно е да одржите добра позиција и успешно ниво на комуникација. Никој не е во состојба да ги исполни вашите емотивни очекувања, но не грижете се. Ќе помине наскоро овој период.

Риби
Потрудете се да откажете работна обврска која од вас бара голема комуникација. Тешко ви е да ги контролирате своите емоции и реакции пред блиските. Избегнувајте провокации и контролирајте се.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *