Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (27.02.2019)

Овен
Денес сте многу расположени за дружење и забава. Сепак, би било добро да го смирите темпераментот, бидејќи сте склони од изненадувачки излив на бес. Партнерот ја очекува вашата безрезервна поддршка.

Бик
Вашите планови да излезите од финансиските проблеми можат да дадат резулатат. Ако успеете да го убедите партнерот да ви помогне во тоа, се’ ќе се одвива со леснотија. На работа ве очекува необична средба.

Близнаци
Иако партнерот доста се променил откако се запознавте, денес ќе успеете односот да го одржите во нормала. Сепак, можни се недоразбирања со децата, како и со помладите од вас. Здравјето ви е добро.

Рак
Склони сте кон мечтаење. Од друга страна, добро се снаоѓате и во практичните и во финансиските работи, па денес може да очекувате и извесни приходи. Единствена работа на која не мислите е вашето здравје.

Лав
Амбициозноста ви е нагласена, па доста работни обврски ќе успеете да завршите, особено ако се поврзани со трговија. Партнерот има целосно разбирање за вашата работа, но не би било лошо да одвоите и малку време и за него.

Девица
Многу сте слободни во односите со другите, па постои можност за авантура. Најмногу сте ангажирани за патување, што наскоро и ќе се оствари. Неочекувана добивка. Внимавајте во возењето.

Терезија
Вашите страсти не мируваат. Постои можност да ве поведат, што може да доведе од љубоморни сцени. Полека ќе стигнете до стабилна позиција на работа и во друштво. Можност за промена на работното место.

Скорпија
Ќе имате исклучителна можност да решите некои од вашите насобрани проблеми. На емотивен план ќе имате интересна ситуација. Финансиската ситуација благо ви се подобрува.

Стрелец
Се чини дека знаете што сакате. Во секој случај сте свесни дека промената во вашиот живот е неопходна и сега настојувате да ја спроведите до крај. Ќе добиете помала материјална добивка. Повеќе внимание посветете на здравјето.

Јарец
Денес е време за забава. Што и да правите, ќе го извршувате со леснотија, а тоа ќе ви донесе успех. Љубовниот живот ви е интензивен, а извесни се и промени на подобро.

Водолија
Денешниот ден најдобро поминете го со партнерот дома. Овие дена постојано ќе ви бидат во движење, па ваква промена добро би ви дошла. Партнерот ќе умее да го цени тоа. Здравјето ви е стабилно.

Риби
Многу работи ви одат од рака. Многу сте задоволни. На моменти ви се чини дека ќе го остварите својот сон. Вашиот емотивен живот сега е постабилен. Внимавајте на здравјето.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *