Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (28.12.2021)

Овен
Активно и оригинално размислувате. Со пријателите се дружите разменувајќи секојдневни проблеми и искуства. Потрудете се наклонетоста за критикување да ја сведете на минимум. Работете повеќе, а помалку зборувајте.

Бик
Куќата е вистинска оаза на мирот во која собирате сила за нови професионални победи. Доколку се јави желба да ги покажете своите кулинарски квалитети, тоа ќе биде вистински празник за вашето семејство.

Близнаци
Сонувате за патување, а интуицијата која е нагласена вели дека тие ќе бидат незаборавни. Тврдоглави сте, но им попуштате на членовите на семејството. Повеќе ви годи да бидете пасивни, затоа и обврските ќе им ги префрлите на другите.

Рак
Треба да исполните многу обврски, а немате доволно време. Почнува да ве фаќа паника, но таа состојба треба да ја надминете држејќи се до приоритетите. Треба да ја сфатите суштината на животот и да работите како што знаете и умеете.

Лав
Прекрасно изгледате, добро се чувствувате и задоволни сте со себе. Бидејќи сте несебични, своето расположение го делите со домашните, пријателите и партнерот. Планирате средба со луѓе кои не сте ги виделе долго.

Терезија
Го решивте проблемот со напнатоста и тргнавте во нови работни походи. Колку проблемот е потежок толку е поголема шансата да го решите. Пријателите ги заморувате, затоа ќе пробаат да побегнат од вас.

Девица
Главна утеха на припадниците на овој знак е уметноста. Имате инспирација и сакате да создавате големи дела. Преминете од зборови на дела. Нешто замисливте, но ве мрзи да почнете. Важен е само првиот чекор. Другото ќе се одвива само по себе.

Стрелец
Каков треба да биде вашиот партнер за да ви одговара? На сите им наоѓате мани како да сте идеални. Мора да се спуштите на земја и да застанете цврсто на нозе. Само со толеранција можете да ја избегнете осаменоста. Гледајте поведро на работите.

Скорпија
Можни се изненадни случувања поврзани со љубовта и бракот. Некои Водолии се задоволни со новиот избор и даваат се’ од себе за да го шармираат партнерот. Не трудете се да ја истерате правдата на виделина. Внимавајте на имунитетот.

Јарец
Немате јасна претстава за тоа што го сакате, затоа настануваат и проблеми. Здравјето не е најдобро, но се’ може да се реши со правилна исхрана. Ситуацијата бара промени од корен ако сакате да опстанете. Заборавете го минатото веднаш.

Водолија
Само доколку сте сакани или пак доколку имате некој што ви се допаѓа, можете да бидете задоволни. Работата, домот и учењето се работи кои не ве исполнуваат. Потребна ви е помош од некого што ве разбира. Потрудете се помалку да се нервирате.

Риби
Главна движечка сила и смисла на вашиот живот денес е љубовта. Во тој стил функционирате, но и грешите. Сакате да бидете со партнерот и покрај тоа што на извесен начин се малтретирате и оптоварувате. Креативноста е зголемена.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>