Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (26.06.2020)

Овен
Доколку би имале тон пари на што би ги потрошиле? Играчки? Игри? Нови начини на забава? Тоа би сакале денеска да правите, но, за жал, нема да се оствари. Единствено решение е да најдете некој што има пари и сака да вложува во Вас или да Ве прави среќни.

Бик
Посветувате големо внимание на работата. Денеска ќе се бара од вас перфекција, а дури и најмала грешка би можела да ве доведе до лудило, а на тој начин би пропаднала цела работа. Затоа, изострете ги сетилата.

Близнаци
Ви се насмевнува среќата. Прво на финансиски план, а потоа и на поле на љубовта. Парите ќе дојдат од насока што одамна сте ја заборавиле и сте престанале да се надевате дека вложеното некогаш ќе ви се исплатува. Е, па, дојде токму тој ден!

Рак
Упорни сте, а тоа посебно ќе дојде до израз денеска. Би требало да го насочите вниманието во тој правец. Запомнете дека се’ уште напредувате. Продолжете да учите и целиот вложен труд ќе Ви се врати. Доколку не верувате, обидете се!

Лав
Направивте вистински хаос и сега е време да ги исчистите последиците од безредието. Не сте воодушевени од ова сознание, но некој мора да го направи и тоа. Најдобро би било да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Колку порано, толку подобро!

Девица
Пријателите ќе се обидат да ги нарушат вашите деловни планови, но ќе успеат само ако вие им дозволите. Бидете паметни, завршете си ја работата, а потоа правете им друштво на оние што ве покануваат на забава. На крај од денот ќе бидете задоволни.

Терезија
Купувате, купувате и само купувате! Конечно, дојдовте до некој екстра денар, па сега мора се’ да потрошите, дури и на работи што воопшто не ви се потребни. Лесно заборавате на мизеријата во која бевте во изминатиов период. Свестете се на време!

Скорпија
Збунети сте од сопствените чувства. Предолго се боревте и сега сте уморни. Се’ што сакате е некој да ве изгушка и да Ве милува. Можеби ќе Ви се оствари желбата, доколку Вие го направите првиот чекор? Не мислете се и бидете храбри!

Стрелец
Ќе мора да најдете начин како безболно да ги примате критиките, зашто ќе се разболите ако вака продолжите. Мора да сфатите дека лицето од кое доаѓаат Ве сака и Ве почитува, а тоа што Ви го зборува е најдобронамерно. Забележете каде грешите.

Јарец
Клуч сте на туѓиот успех, посебно денес. Пријатни Ви се забавите, а на сериозните работи гледате со извесна доза на хумор. Имате желба за водење љубов во комбинација со креативна работа. Обидете се да ги обедините двете работи.

Водолија
Успешно ги собирате деталите, на многу суптилен и ненападен начин. Воздржани сте и штедливи над очекувањата, но можеби во извесна ситуација ќе мора да се фатите за џеб и да платите нешто. Пријателите веќе се нервираат со ваквото ваше однесување.

Риби
Ве тераат да дадете максимум од себе и да бидете најдобри, а Вие се чудите како може најдобрите да бидат уште подобри. Штом е така, можеби е време да се спуштите на земја и да сфатите дека околу вас има луѓе што, исто така, се интелигентни и интересни.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *