Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (26.06.2019)

Овен
Општата состојба конечно стана стабилна. Навооружете се со она што го имате во изобилство, трпеливост. Ќе биде се во ред. Владејте со себе доколку сакате да бидете задоволни и среќни. Спасот е во усовршувањето, но не заборавајте ни на саканата личност.

Бик
Исклучително успешен и креативен ден. Со својот критицизам, здравите резони и успешниот професионален пробив ја постигнувате целта. Доколку цел ден сте во акција, добро ќе се чувствувате. Никако не смеете да дојдете во ситуација кога нема да знаете што со себе.

Близнаци
Уметност, филозофија, религија, филмови… во овие области наоѓате утеха за незадоволството од материјалната состојба кое не се однесува само на парите, туку и на луѓето. Занимавањето со работи за кои имате предиспозиции ќе ви помогне полесно да ги поднесете и да ја победите болеста.

Рак
Вложувате напор па ги решавате не само своите , туку и проблемите на другите. И покрај тоа што не се чувствувате сјајно, тешете се, вие сте личност имуна на стресови и болести. Нека вашиот дом биде еден вид на изолација која ќе ви помогне да ја надминете ситуацијата.

Лав
Половина час насмевка дневно, влијае на убавината. Затоа, смејте се бидејќи имате причина да бидете среќни. Љубовта прави чуда. Некои Лавови радост наоѓаат во партнерот, некои во децата, а други пак во креативната работа. Како и да е, пред вас е исклучителен ден

Девица
Ве очекува интензивен ден пратен со активности, баш онаков како што сакате. Ќе бидете растргнати на повеќе страни затоа морате да работите на зголемување на концентрацијата. Мало отсуство на внимание може да има фатални последици во вид на повреди.

Терезија
Слободните моменти ги поминувате во свој стил, уживате опкружени со многу луѓе. Важите за личност која е комуникативна, затоа и во друштво добро се снаоѓате. Секој ден станувате се посигурни. Со партнерот конечно дојде до затишје, се сетивте дека умеете да бидете и лукави.

Скорпија
Потрудете се да се изборите со маните, како што се посесивноста и љубомората. Нив ги манифестирате насекаде, со партнерот па дури и со оние кои се поуспешни од вас. И покрај тоа што на себе својствен начин ја прикривате слабоста, сепак се оптеретувате со неа и си создавате дополнителни проблеми.

Стрелец
Имате одлично расположение бидејќи со друштвото поминувате незаборавни моменти. Се наоѓате во фаза на размислување за љубовта и за тоа како да ја конкретизирате. Тоа е и нормално , вие сте практична личност која знае што сака. Среќни сте, можете да се прилагодите на секоја ситуација.

Јарец
Полни сте со сексуална енергија која доколку не успеете да ја исфрлите од себе ќе бидете во неволја. Ќе пробате на чуден начин да дојдете до она што сакате. Доколку наидете на препреки, ќе почнете да размислувате во погрешна насока. Послушајте ги потребите на партнерот.

Водолија
Ситуацијата бара молскавична акција, затоа носете брзи одлуки за кои мислите дека се вистинските. Она од што треба да се чувате се проблемите со струјата. Во состојба во која сте непромислени , може да направите фатална грешка.

Риби
Сериозноста на ситуацијата прави разумно да се однесувате. Тешко се борите со проблемите, но сепак ќе успеете. Концентрацијата е силна, а тоа е одлично за вашата професија. Осаменоста денес е ваш избор, но и одлична шанса за решавање на емотивните проблеми.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *