Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (26.02.2018)

Овен
Конечно, можете да здивнете. Некои работи успеавте да ги решите за кратко време. Пожелно би било да се свртите и кон некои нови содржини, како што се уметноста и филозофијата… Обидете се да го најдете вистинскиот рецепт за успешно функционирање.

Бик
Инвестиравте многу во работата, а воопшто не размисливте за дополнителните проблеми. Обидете се да бидете потолерантни во односот со саканото лице. Ако го направите тоа, ќе минете пријатни и романтични моменти.

Близнаци
Ако ситничарите, незадоволството е неизбежно. Можеби корисно за вас би било да се здружите со Девиците, кои можат да ви помогнат во одредени ситуации. Постарите припадници на знакот ќе се најдат во фаза на заљубување.

Рак
Сакате многу планови да спроведете во дело, но свесни сте за своите можности. Тоа може да предизвика максимално искористување на силите и способноста, што би било лошо за вашето здравје. Размислите за последиците пред да преземете што било.

Лав
Ако немате проблеми, измислете ги. Барем ќе живеете онака како што посакувате, полни со несогласувања и грижи. Но, ситуацијата, за среќа, е минлива. Во суштина, ви дава само лажна надеж. Планирате некое патување што ќе ви биде од корист.

Девица
Задоволни сте и среќни. Добивте се’ на што се надевавте. Уживајте во деновите, бидејќи ќе бидат покреативни и поинспиративни. Пријателите ве поддржуваат, па затоа искористете го тоа максимално. Внимателно во сообраќајот.

Терезија
Благодарение на творечката моќ, тргнувате во нови походи. Тие ќе се однесуваат на уметноста, љубовта и на некои други работи. Менувајќи се себеси, ги менувате и другите, што е најдобра варијанта. Времето, сепак, најубаво ќе покаже дали промените се на место.

Скорпија
Обидете се да се дистанцирате од околината колку што е можно повеќе. Сите имаме свои проблеми, па затоа е најважно да ги решиме. Од туѓите понекогаш треба да се побегне доколку преминат одредена граница. Моментно немате сила за да решите се одеднаш.

Стрелец
Одличен ден за љубов. Доколку тргнете во акција во друштво на некој Овен, ќе поминете фантастично. Ако се соочите, пак, со некои поголеми проблеми, имајте на ум дека само со трпение ќе ги разрешите. Обидете се да спортувате повеќе.

Јарец
Креативен и успешен ден. Се занимавате со некои работи што ви причинуваат задоволство. Резултатот од сето тоа ќе биде вљубување, работен успех, ново пријателство… Затоа не оптоварувајте се со глупости, само уживајте.

Водолија
Хиперактивен ден. Ќе ви помогне многу да не мислите само на здравствените проблеми. Обидете се да се наполните со оптимизам, кој ќе ви биде од корист. Бидете внимателни, бидејќи е зголемена опасноста од повреди.

Риби
Здрави сте и полни со енергија, но тоа е само моментално. Помладите припадници на овој знак ќе размислуваат околу некое патување, додека, пак, постарите околу своето здравје. Обидете се да се приспособите на околината, чие однесување е доминантно. Мора да направите компромис.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *