Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (25.12.2017)

Овен
Тешкотиите при воспоставувањето на контактите со околината се последица на пречувствителноста. Мора да се изборите со таа мана доколку сакате нормално да функционирате. Сами не можете, а во друштво лошо се чувствувате. Чувствувате дека никој не ве разбира. Со пријателите остварувате конструктивни идеи.

Бик
Одличен ден за склопување договори и за деловни реформи. Се’ ќе биде поуспешно отколку што замислувавте. Доколку сте свртени спрема љубовта и уживањето, за-боравете на нив барем денеска. Само така ќе постигнете рамнотежа меѓу телото и духот. Поради нешто сте вознемирени, работите не ги поставивте на свое место.

Близнаци
Романтиката стапува на сцена. Доколку не успеете практично да ја остварите, по-стојат и други начини да функционирате во таа насока. Гледајте љубовни филмови и слушајте музика. Расположението ќе ви се подобри. Секогаш треба да барате компензација за тоа што го немате. Мора да бидете пореални во барањата за да не се разочарате.

Рак
Иако немате конкретни причини, се чувствувате лошо и не гледате излез од мо-менталната ситуација. Решението, сепак, постои. Вооружете се со трпение и подго-твете се за тешка работа. Занемарете ја емотивната страна доколку сакате да из-бегнете уште поголеми компликации. Малата оддишка по немилите настани ќе ви помагане да се опоравите и да се наоружате со оптимизам. Ситуацијата од ден на ден се’ повеќе се комплицира.

Лав
Денеска можат да ви се случат неочекувано важни настани што ветуваат поволен исход. Добивате деловна сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте не-скромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Стане-те малку поскромни. Влевате надеж во нешто, но имате погрешна претстава.

Девица
Веќе подолго време сте под добри астролошки влијанија, но за тоа не сте свесни. Вашиот проблем е тоа што не верувате во себе ниту, пак, во тајниот јазик на ѕвез-дите. Мора да бидете што поупорни и посигурни, тоа го бараат моменталните околности. Многу деловни обврски ви го одвлекуваат вниманието од емотивното незадоволство.

Вага
Не можете на ништо да се пожалите. Веќе подолго време с? ви оди од рака. Докол-ку ненадејно се појават емотивни проблеми, тоа е нормална појава со оглед на ва-шите ставови што се однесуваат на слободата. Само Бик би можел да ја задоволи вашата желба. Доколку се дружите со Ракови и со Лавови, а се ослободите од Близ-наци, ќе биде фантастично.

Скорпија
Полни сте со енергија кога се во прашање вашите интереси. Ништо не ви е, штом околината ќе побара нешто од вас, кога морате да се жртвувате за други, веднаш ви паѓа тешко. Зошто сте толку себични кога тоа не ви е својствено? Не претеру-вајте. Или имате здравствени проблеми или сте вработени во здравство.

Стрелец
Морате сами да се изборите со проблемите што ви се натрупуваат и тоа многу бр-зо. Нервниот систем е на проба. Бидејќи често се наоѓате во слични ситуации, оби-дете се да не ја префрлате вината на друг. Баравте – гледајте! Требаше порано убаво да размислите. Без разлика на многу негативни астролошки влијанија, вие фанта-стично се чувствувате.

Јарец
Романтичните моменти со Девица или со Лав ви го подобруваат расположението и ве ставаат во елемент. Се наоѓате во фаза на неочекуван пресврт на ситуацијата во ваша корист. Условите за живот се подобруваат, расположението се подобрува, а вие планирате патување. На расположението влијаат многу конкретни случувања.

Водолија
Одличен деловен ден. Успех ја очекува вашата уметничка душа, а меѓу Водолиите има такви повеќе отколку што може да се замисли. Малата напнатост е последица на среќата, која на извесен начин е стресна состојба. Очекувате нешто многу прив-лечно, поврзано со љубовта. Не ви е лесно.

Риби
Се’ уште сте во фаза на доброволна изолација. Љубопитноста ви е зголемена, но се’ уште сте во состојба да се фатите гуша за гуша со непланираните проблеми. Ќе дој-де време за мегдан. За почеток ослободете се од стресовите со кои ве бомбардира околината. Моментално е нагласена вашата потреба за удобност и уживање во ситници.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *