ОВЕН
Не успеавте да ја завршите работата, а рокот се ближи кон крајот. Денеска ќе се претепате од работа, водени од желбата никого да не разочарате. Брзо ќе завршите, па дури и ќе ви остане малку време за саканата личност. Излезете некаде, можеби во кино.
БИК
Доколку се обидувате да наговорите некого, искористете ја поддршката од ѕвездите и слободно реализирајте ја својата цел. Уверливи сте, па искористете го тоа до максимум. Веќе утре работите ќе ви изгледаат сосема поинаку… Не оставајте ги обврските за утре.
БЛИЗНАЦИ
Доколку сте во врска, можете да планирате мирна романтична вечер. Ако пак спаѓате во групата на сами и слободни, тогаш држете ги широко отворени очите, зашто ќе имате неколку можности. Не дозволувајте да ви поминат пред ноќ.
РАК
Забавата, играта и пријатните дружења се денеска на вашиот распоред. Со оглед на тоа што претпочитате да се дружите со весели луѓе – тоа воопшто нема да ви падне тешко. Обидете се да организирате некое необично дружење. Бидете креативни и изненадете ги другите.
ЛАВ
Денеска ќе се посветите на уредување на животниот простор. Иако е работен ден, вие ќе брзате дома по работното време и ќе се зафатите со чистење, а можеби и варосување. Веќе во попладневните часови ќе добиете и помош од некои неочекувани гости.
ДЕВИЦА
Играта со децата, прошетката во парк или групното одење на сладолед се денеска дел од вашиот распоред. Ја црпите енергијата од околината, па затоа не заборавајте со себе да ги понесете и најдрагите луѓе. Нема ништо поубаво од насмевка на вашето лице.
ТЕРЕЗИЈА
На вашата врата во вечерните часови ќе се појави гостин кој веќе долго време го очекувате. Срцето ќе ви чука како лудо, погледите ќе ви се сретнат, а останатото ќе го направи хемијата… Бидете тактични и не отворајте ја вратата веднаш по првото ѕвонење.
СКОРПИЈА
Една личност ќе почне агресивно да го коментира и критикува вашето однесување, а вие срамежливо ќе се повлечете. Зошто да се срамите кога си го браните сопствениот имиџ? Не мора да бидете дрски и агресивни, но покажете ја својата сила и јасно кажете дека никој не смее да си игра со вас!
СТРЕЛЕЦ
Пред вас е уште еден драматичен ден. Обидете се да ја задржите ладнокрвноста и се’ ќе биде во ред. Доколку пламнете ќе ги искомплицирате работите, а тоа ќе се одрази и врз вашата иднина. Веќе вечерва ќе бидете пресреќни што се’ завршило добро.
ЈАРЕЦ
Конечно заврши напнатиот период, па можете да се опуштите. Искористете го денот и заминете на краток излет некаде во природа. Вечерта минете ја дома, заедно со убава музика, вино, слатки… Секако, не заборавајте го партнерот во целата слика…
ВОДОЛИЈА
Минувате низ тежок емотивен период. Ако не успеете да се присоберете, ќе се распаднете. Некој ве разочарал, па што? Не е ниту прв, ниту последен пат. Досега требаше да научите како да живеете со животните разочарувања, а не поради нив да минувате бессони ноќи.
РИБИ
Некој ќе ве покани на кафе. Не смеете да ја пропуштите поканата зашто може да добиете одлична понуда, која пријатно ќе ве изненади. Иако се работи за деловна понуда, можно е да се развијат и емоции кои не сте ги очекувале… Во секој случај, убаво ќе се изненадите.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!