Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (25.06.2019)

Овен
Се чувствувате феноменално благодарение на успешно завршениот проект, за кој бевте во неизвесност. Ве очекува напредок во работата со која се занимавате, но успех врзан за склучување договори. Не откажувајте се од нив, па макар и да се брачни. Во овој период, Овните би требало да ја доживеат љубовта на својот живот, ако веќе не ја доживеале.

Бик
Вашиот социјален карактер и желба за комуникација моментално се во прв план. Се чувствувате добро, зашто сте задоволни со сите сегменти на животот. Ви годи дружење со Близнаци, затоа што тие се подинамични и поведри од вас. Партнерот се обидува да ве изненади пријатно. Ако не успее, одглумете задоволство, затоа што се труди.

Близнаци
Се јавува желба да се наметнете во она во што не сте вешти. Мора да бидете објективни кон себе доколку сакате да извлечете максимум од моменталната ситуација. Бидејќи настојувате да и’ докажете на околината нешто што нема, запаѓате од грешка во грешка. Штедењето е спас.

Рак
Решавате галантно да потрошите поголема сума на пари за што долго размислувате. Се држите до девизата дека не сте толку богати за да купувате евтино. Цел ден се одвива во знакот на системот на вредности и преиспитувања. Можеби купувањето е начин да се компензира незадоволството.

Лав
Една Риба на која сте заборавиле ве потсетува со своето присуство дека се’ уште не е избришана од вашето срце. Потребна и’ е ваша помош и стручен совет. Бидејќи на материјален план се случуваат непријатности, денот можете да го направите попријатен со занимавање со убави работи, уживање во уметноста и духовноста.

Девица
Здравствената ситуација не е на завидно ниво. Пожелно е да не донесувате значајни одлуки и да не повлекувате деловни потези, туку да се помирите и колку што е можно попасивно да го минете денот. Можеби прошетка во примамливо друштво на Лав или Скорпија би била вистинска работа? Пробајте, нема што да изгубите.

Терезија
Пред Терезиите е пријатен ден. Не мора многу да работите, а време за муабет ќе имате на претек. Никој, како припадниците на овој комуникативен знак не умее така слатко да пренесува трачеви, па само ним тоа не им се зема за зло. Партнерот, по којзнае кој пат ја докажува љубовта. Не одбивајте го!

Скорпија
Денеска не очекувајте драстични промени. Бидејќи незадоволството е долготрајнои акумулирано, со тоа мора да се соживеете, но и да пронајдете начин како да го ублажите. Можеби хумористичната литература би можела да ви предизвика насмевка? Или да се сетите на ведри личности, па да ги поканите на прошетка.

Стрелец
На своја кожа чувствувате позитивна енергија, па прифаќате предизвици што ви ги нуди една вонсериска личност во вид на неодолив Овен. Ќе биде лудо и незаборавно, за што и да се работи. Покрај изобилството на страст, не пропуштајте ниту еден работен предизвик – понуди, договори, планови. Водете сметка да не расипете нешто.

Јарец
Иако имунитетот е на долната граница, а нервниот систем благо растресен, сепак сте активни. Им одолевате на предизвиците. Упорно и одлучно истрајувате на сите фронтови. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве сака се само субјективни и брзо ќе минат. Всушност, сите ве сакаат, само тоа тешко допира до вашето срце. Мора да го загреете.

Водолија
Дури сега е јасно поради што се однесувате чудно. Здравствената ситуација не е прекрасна, а секогаш се однесувате онака како што се чувствувате. Ништо не прикривате. Болеста е латентна, па може и отворено да се изрази. Наместо да се карате и нервирате, тргнете да ја санирате причината, т.е. залечете ги болните рани.

Риби
Идеално време за духовни и парапсихолошки искуства, како и за помагање на луѓето во неволја. Бидејќи реалноста е сурова и не ветува поволен исход на стариот проблем, се вртите кон плановите во врска со странство. Пожелно е да поведете повеќе сметка за себе и не дозволувајте никој да влијае на вас. Лавот ќе се обиде да ве поколеба во тоа. Не дозволувајте му.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *