Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (25.02.2021)

ОВЕН
При­лич­но до­бар де­н де­нес, иа­ко низ му­а­бет и раз­го­вор мо­же не­ко­му при­лич­но да му згаз­не­те на плус­ка­ве­ц. Вие не­ма да го за­бе­ле­жи­те тоа, би­деј­ќи не­ма да би­де­те свес­ни за тоа што сте нап­ра­ви­ле, ду­ри мно­гу по­доц­на ќе ви ста­не јас­но де­ка и збо­ро­ви­те има­ат те­жи­на, иа­ко са­ми по се­бе не мо­ра да се од теш­ки­те и твр­ди­те. Са­кам да ви ка­жам де­ка тре­ба да би­де­те мал­ку по­свес­ни од вообичаено и да вни­ма­ва­те што и ко­му збо­ру­ва­те, би­деј­ќи пар­тне­рот или пријателот мо­же да ви прос­ти, но не­кој зна­ча­ен и мо­ќен, што под­раз­би­ра и суетен, мо­же­би, не­ма.

БИК
Не­на­деј­но еден по­да­рок за вас во смис­ла на по­вол­ни ас­пек­ти за ва­ши­от знак де­нес, иа­ко не ком­плет­но. Мо­же­би око­лу плад­не мал­ку по­ве­ќе нер­во­за, во зависност од тоа што и да­ли ра­бо­ти­те, да­ли сте са­ми свој газ­да или сте во наемен од­нос, во смис­ла на мож­ни пре­пу­ку­ва­ња со прет­пос­та­вениот, шефот или со не­кој што мис­ли де­ка е тоа, и нај­чес­то око­лу не­как­ви смет­ки, фи­нан­си­ски текови пре­по­ра­чу­вам зго­ле­ме­на кон­цен­тра­ци­ја и вни­ма­тел­ност.

БЛИЗ­НА­ЦИ
При­лич­но нап­нат ден за вас. Јав­нос­та, од­нос­но она што вие го сме­та­те за јав­ност, де­нес е при­лич­но неп­ри­ја­тел­ски нас­тро­е­на кон вас, не ви ги при­ма му­а­бе­ти­те, сe е не­ка­ко на дур и ви­ка­ње. Тоа мо­же да ве воз­не­ми­ри, рас­тре­во­жи, а ко­га сте во так­ва сос­тој­ба, пра­ви­те по­го­ле­ми га­фо­ви и греш­ки. Ова се од­не­су­ва и на од­но­сот со пар­тне­рот, кој де­нес мо­же да е дос­та тврд и нап­нат и да сте во нај­доб­ри­те, а ако не сте, што да ви об­јас­ну­вам. Кај вас фрус­тра­ци­ја­та лес­но се пре­не­су­ва ка­ко пот­ре­ба неш­то да се чес­ти­те, што би се све­ло на не­пот­реб­ни тро­шо­ци од пси­хо­лош­ка при­чи­на.

РАК
Прог­но­за­та за ва­ши­от знак де­нес е топ­ло-лад­на, и тоа не­кол­ку па­ти де­нес, што прет­пос­та­ву­ва де­ка ќе има­те го­ле­мо тро­ше­ње на енер­ги­ја. Спо­ред тоа, ќе би­де­те дос­та раз­драз­ли­ви, па за да се заш­ти­ти­те, мо­же да се пов­ле­че­те во сво­јот ок­лоп ста­вај­ќи ма­ска на рам­но­душ­ност, не­за­ин­те­ре­си­ра­ност ко­ја е дос­та веш­тач­ка и та­ка пос­та­ве­на, ги ири­ти­ра дру­ги­те. Са­кам да ка­жам, не при­мај­те сe здра­во за го­то­во де­нес. Имај­те мал­ку по­ве­ќе флек­си­бил­ност кон дру­ги­те, кон од­но­си­те и слу­чу­ва­ња, кои ми е дос­та теш­ко да ги опи­шам по­ра­ди скуд­нос­та на прос­то­рот. Се­пак, де­нот ќе го за­вр­ши­те во уба­во рас­по­ло­же­ние.

ЛАВ
Де­нов не ви е до­бар. Има­те мож­нос­т за при­лич­но го­ле­ми су­ди­ри со его­то на не­кој зна­ча­ен, прет­пос­та­вен, не­ка­ков ав­то­ри­тет. Но его­то мо­же да стра­да, и ва­ше­то и не­го­во­то, а во таа ко­но­та­ци­ја, су­ди­рот и не­до­раз­би­ра­ња­та мо­жат да се и по­ра­ди ва­ше­то де­те или со не­го, не­го­ва не­мар­ност, не­за­ин­те­ре­си­ра­ност нас­про­ти ва­ши­те оче­ку­ва­ња, на­по­ри (чи­тај вр­ски и про­тек­ции) и ин­вес­ти­ции. Не сто­и­те мно­гу доб­ро ни­ту на љу­бо­вен план, а на овој мо­же да би­дат до­ве­де­ни во пра­ша­ње ва­ши­те из­ра­зе­на вол­ја и став и да се суд­рат со не­чии чув­ства. Ту­ка по­бед­ник не­ма, има са­мо пов­ре­де­ни.

ДЕ­ВИ­ЦА
Би­деј­ќи са­ка­те пре­циз­ност, мож­но е и ва­ка да се до­ло­ви прог­но­за­та за де­нес. Ра­но на­ут­ро, не­кој што цел жи­вот ста­ну­ва со ко­кош­ки­те и вој­нич­ки ко­ман­ду­ва што и ка­ко тре­ба. Прет­паз­ли­ви сте и вни­ма­тел­ни, не са­ка­те да си го рас­и­пе­те де­нот, иа­ко зна­е­те што би од­го­во­ри­ле. За­тоа зап­ну­ва­те да се до­ка­жу­ва­те на де­ло­вен план или, пак, об­јас­ну­ва­те неш­то на пос­та­ра же­на, ко­ја, очиг­лед­но, не ве раз­би­ра или не са­ка да ве раз­бе­ре. Око­лу 11 ча­сот, мо­жен е не­ма­рен и не­за­ин­те­ре­си­ран од­нос на прет­пос­та­ве­ни­от кон важ­на ра­бо­та што ви ја дал да ја за­вр­ши­те, што ве нер­ви­ра и фрус­три­ра. Око­лу 16 ча­сот, те­ле­фон­ско ја­ву­ва­ње што ќе ви го про­ме­ни рас­по­ло­же­ни­е­то кон по­доб­ро и так­во ќе би­де до кра­јот на ве­чер­та, со мож­ни ма­ли олим­пи­ски иг­ри во пос­те­ла.

ВА­ГА
Мно­гу ак­тив­нос­ти де­нес уш­те од изут­ри­на. Фи­нан­сис­ки­от план ви е од­ли­чен, не­ка­ков си­тен проб­лем на едниот ро­ди­тел е ре­шен, ос­вен ако е не­как­ва до­ку­мен­та­ци­ја или об­вр­ска ба­зи­ра­на на тоа. То­гаш ќе оди дос­та теш­ко. А ка­ко што се оди кон плад­не­то и кон кра­јот на ра­бот­но­то вре­ме, сe е поз­гус­на­то, по­нап­на­то, теш­ко за ед­вај да го до­че­ка­те кра­јот. Но за­тоа од пет-шест ча­сот поп­лад­не до доц­на ве­чер­та, при­лич­но уба­ви ас­пек­ти на ре­лак­си­ра­ње, не­как­во дру­же­ње, мо­же­би уба­ви му­а­бе­ти, по­се­та и слич­но.

СКОР­ПИ­ЈА
Ас­пек­ти­те по­ка­жу­ва­ат де­ка ва­ши­от по­у­бав дел од де­нот е по ра­бот­но­то вре­ме и об­врс­ки­те, иа­ко и ут­ро­то до плад­не не­ма да би­де ло­шо, нап­ро­тив. Еден пер­и­од мо­же да оче­ку­ва­те по­нап­на­та ат­мос­фе­ра од 11 до 17 ча­сот, осо­бе­но еди­на­е­сет, ко­га е мож­на не­как­ва прет­кон­флик­тна сос­тој­ба по­ра­ди не­ка­ков раз­го­вор со над­ре­де­но ли­це или, пак, лич­ност ко­ја се сме­та за так­ва, а вие не го по­чи­ту­ва­те тоа. Но вед­наш по­тоа не­как­ва са­тис­фак­ци­ја или одоб­ру­ва­ње од оние што ра­бо­та­т со вас или за­вр­шу­ва­ње на не­как­ва ра­бо­та. Поп­лад­не­то, ре­ков, при­лич­но ре­лак­си­ран пер­и­од.

СТРЕ­ЛЕЦ
Де­нес мал­ку ви е нап­нат де­нот. Око­лу 9 ча­сот изут­ри­на, вед­наш не­как­во ар­гу­мен­ти­ра­ње и не­до­раз­би­ра­ње со прет­пос­та­ве­ни­от или со не­ко­ја лич­ност ко­ја се сме­та за зна­чај­на во око­ли­на­та. За да го пот­вр­ди тоа, мо­ра не­ко­го да ис­пи­ту­ва, да го об­ви­ну­ва, а во­о­би­ча­е­но на­пад­на­ти­те мол­чат, а вие не. Но вни­ма­вај­те на ко­ли­чес­тво­то оган што ќе го ис­ту­ри­те. Иа­ко мо­же­би неп­ра­вед­но об­ви­не­ти за доц­не­ње или за доц­не­ње на не­ка­ков про­ект, за­да­ча, иа­ко мо­же­би ова ќе се слу­чу­ва пред уши­те и очи­те на око­ли­на­та, не пра­ве­те си не­пот­реб­но до­пол­ни­тел­но неп­ри­ја­тел­ство.

JАРЕЦ
Су­деј­ќи спо­ред ут­ро­то, од­ли­чен ден за ва­ши­от знак и за по­го­ле­ми­от број не­го­ви при­пад­ни­ци, осо­бе­но за оние со зем­је­ни и со вод­ни зна­ци, неш­то по­нап­на­то за оние со ог­не­ни, а мо­же­би дос­та не­ут­рал­но за оние со воз­душ­ни. Име­но, уш­те од изут­ри­на има­те мож­на са­тис­фак­ци­ја на ва­ши­от ав­то­ри­тет, па от­та­му и не­как­ви бла­гоп­ри­јат­ни чув­ства. Нор­мал­но, ана­лог­но од­не­су­ва­ње, што зна­чи де­ка со по­диг­на­та фрек­вен­ци­ја на чув­ства, не­сом­не­но, ќе вли­ја­е­те и на око­ли­на­та, ко­ја ќе ви воз­вра­ти на ист на­чин. Вни­ма­вај­те мал­ку на пер­и­о­дот око­лу плад­не, ко­га ас­пек­ти­те ста­ну­ва­ат пот­вр­ди. Но, ве­лам, со ва­ше­то бла­гоп­ри­јат­но од­не­су­ва­ње, не­ма ни­ту да ги по­чувс­тву­ва­те.

ВО­ДО­ЛИ­ЈА
Де­нес мо­же да има­те ин­те­ре­сен ден, па ќе ви рас­ка­жам ед­на од мож­нос­ти­те. Мо­же­би де­нес еден од ва­ши­те нај­го­ле­ми неп­ри­ја­те­ли мо­же да до­жи­вее вистинско фи­ја­ско и де­бакл во оби­ди­те тај­но да ор­га­ни­зи­ра уш­те не­кол­ку истомисленици. Ед­ни­от од нив не­ма да ја по­чи­ту­ва кон­спи­ра­ци­ја­та, па мо­же јав­но да ре­а­ги­ра и да по­ба­ра да би­де ос­та­вен на ми­ра, што не­ма да би­де баш при­јат­на си­ту­а­ци­ја, ос­вен за вас, се раз­би­ра. Нор­мал­но, нер­во­за и ис­пла­ше­ност од вак­ви­те ре­ак­ции на оние што учес­тву­ва­ле во за­го­во­рот, од страв да не бидат от­кри­е­ни. Поп­лад­не­то е мож­на по­се­та од род­ни­ни.

РИ­БИ
За жал, не мо­жам да ка­жам де­ка де­нов мо­же да ви би­де до­бар. Мо­же­би ќе ви се ви­ди та­ков до 9 ча­сот, но до 16.30 мо­же да би­де дос­та нап­нат, те­жок, непријатен по­ра­ди не­как­ви так­ви кон­так­ти, а вие да сте дос­та нев­ни­ма­тел­ни, некон­цен­три­ра­ни. Нај­ло­ши­от мо­мент од ас­пек­тот е да не се сог­ла­су­ва­те за неш­то со прет­пос­та­ве­ни­от, со не­ка­ков не­гов став или од­лу­ка и да му го ка­же­те тоа. Во­оп­ште­но, ова мо­же да би­де и су­дир со ав­то­ри­тет­на лич­ност и над­вор од ра­бо­та­та, не си­те од ва­ши­от знак ра­бо­тат, не­ли? Но поп­лад­не­то, по ра­бот­но­то вре­ме, мо­же­би ва­ше­то рас­по­ло­же­ние ќе се раз­вед­ри, но за­ви­си од количеството ис­фр­ле­ни от­ро­ви прет­ход­но.

 




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *