Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (25.01.2023)

Овен
Заради некоја причина, ќе се повлечете од една врска и ќе ги оставите работите недовршени. Ако започнете нова работа, а претходно не сте ги создале потребните услови, ќе дојде до заплет. Ако сакате да го задржите здравјето бидете внимателни во секој сегмент.

Бик
Ви недостасува мотивација за да се впуштите во еден љубовен однос. Бидете трпеливи бидејќи и финансиската ситуација ќе бара повнимателен пристап. Трошете помалку. Внимавајте на своето здравје и немојте да ѝ се препуштате на судбината.

Близнаци
Можни се изненадни напади на нервоза, без видливи причини. Бидејќи тоа често се случува, обидете се да ја препознаете состојбата и да ја ублажите. Опуштете се, одете на фризер, или закажете масажа. Доколку се сконцентрирате на здравјтео, само ќе го засилите проблемот. Направете големо чистење.

Рак
Остварувате деловен успех, или размислувате за него. Добро сте расположени, разговорливи и ведри, па приемчиви сте исклучуво за пријатни работи. Ве очекуваат многу интересни случувања во врска со уметноста и ораторството. Во односите со околината често глумите.

Лав
Не дозволувајте деловните проблеми да ја нарушат хармонијата во вашиот интимен живот. Поправете ги расипаните апарати и направете ги неопходните поправки во својот дом. Можни се минливи пречки во дишењето. Бранете ги своите животни уверувања.

Девица
Нема да бидете доволно смирени за улогата што сами себе си ја наметнавте. Одложете сè! На работното место можни се сплетки, но немојте да учествувате во нив. Пред да се напиете од некој лек, прочитајте го упатството. Не го покажувајте немирот што тлее во вас!

Терезија
Со кокетното однесување, од ден во ден ќе создавате нови прилики, но ништо нема да дотуркате до крај. Партнерот очекува повторно да биде најбитен во вашиот живот, разговарајте. Внимавајте на желудникот и карлица. Не ги избегнувајте обврските.

Скорпија
Ќе се најдете во љубовна дилема. Послушајте го гласот на срцето но внимавајте да не погрешите. Во извршувањето на работните обврски ќе запознаете интересна личност која ќе ви го промени животот. Здравствените проблеми ќе ги санирате со природни лекови.

Стрелец
Љубовниот живот ви минува низ хармоничен период, но ви сте премногу уморни за нежности. Многу неШто ќе ви биде нејасно и неизвесно. Не се наметнувајте премногу. Позанимавајте се со надворешниот изглед. Во ништо не претерувајте.

Јарец
Среќата ви тропа на врата. Одговорете на нејзиниот повик и бидете сигурни дека нема да зажалите! На работа немате конкуренција. Имате можност да покажете сè што знаете. Од храната исфрлете ги маснотиите и слатките. Со студена глава анализирајте ја ситуацијата.

Водолија
Постојано сте незадоволни , но и нервозни потрудете се да ја контролирате таквата состојба. Околината е разочарана од вас и сето тоа е последица на вашата лоша здравствена состојба. Бидете внимателни и трпеливи во односот семејството.

Риби
Не ве интересира ништо, а со тој однос само ја иритирате околината. Сакате да се докажете во се но така само постигнувате лош впечаток. Пороците ви се јака страна но морате да внимавате, здравјето никој не ви го враќа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>