Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (25.01.2019)

Овен
Вашите емоции се движат во еден правец, а веќе во следниот миг се фокусирани кон нешто друго. Тоа и не би требало да ве чуди со оглед на вашата дволична природа на карактерот што ја поседувате. Иако таквите емотивни осцилации нема да ви донесат подобрување на љубовниот живот, сепак, вие уживате во забавата. Обидете се да бидете малку повеќе практични и симнете се од облаците.

Бик
Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се позитивната енергија да ја насочите кон убави нешта.

Близнаци
Рамнотежата кај вас доаѓа од самата природа на знакот, па затоа луѓето родени во знакот на Терезија важат за најголеми балансери кога е потребно тоа. Премногу размислување на одредени теми нема да ви донесе ништо добро, па затоа одлучете се да се препуштите на моментите, колку и да изгледа тоа чудно за вас.

Рак
Советите што ви се даваат со добра намера постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже слабата страна на вашиот потенцијал. Можеби малку избрзувате со другите соработници, па затоа наместо да се лутите, одберете да слушате и на тој начин ќе успеете да постигнете солидни резултати.

Лав
Сакате околината да мисли дека се’ држите под контрола, но свесни сте дека тоа е далеку од вистина. Таквиот став не ќе може да ви помогне во ниту една ситуација, бидејќи ќе се појават тешкотии за кои ќе треба да употребите здрав разум, а не дополнителни проблеми. Подобро е да ја изберете опцијата и да бидете позитивно настроени кон другите, наместо да ја истакнувате вашата ароганција.

Девица
На која било страна да се свртите, се соочувате со неправда. Затоа прекинете да се движите во кругови каде што се чувствува негативната енергија и преминете на некои убави нешта, иако ви се чинат недостижни. Посветете повеќе внимание на својот физички изглед и ќе изгледате многу поатрактивно за околината.

Терезија
Лошиот период е зад вас. Тоа особено се однесува на здравјето и на работата. Сега можете да почнете со планирање на некое патување или нова работа. Емотивната ситуација е стабилна, па немате причини за грижа и нервоза со партнерот. Уживајте во убавите мигови и искористете ја поволноста на планетите.

Скорпија
Се чувствувате одлично, а тоа придонесува и за изгледот и енергијата што ја ширите во околината. Убавите зборови ќе ги слушнете од сите страни, со што егото ќе го ставите на пиедестал свесни дека шармирате и повеќе од очигледно. Внимавајте кој се’ се обидува да го задржи вашето внимание.

Стрелец
Постојано сте во центарот на вниманието. Желбата за наметнување на сопствените вредности е изразена, но немојте да дозволите другите да помислат дека не вредат или дека не се способни. Околината очекува да покажете повеќе разбирање и толеранција.

Јарец
Не обидувајте се да се радувате предвреме, кога реално немате причина за тоа. Испланирајте го времето пред се’, па дури тогаш започнете со реализација на замисленото. Многу Јарци ќе се почувствуваат мрзоволно и нема да забележат значителни резултати на работното место. Тоа веројатно се должи на слабата конкуренција помеѓу соработниците.

Водолија
Внимавајте вашата незаинтересираност да не претера, бидејќи многу лесно може да се случи партнерот да замине од вашиот живот, па неговото место да остане празно. Доколку, пак, сте слободни, постои личност која ужива во вашето друштво, само треба да погледнете подобро за кого станува збор.

Риби
Слободно дозволете си да ја покажете сензуалната страна на вашиот карактер и пробајте да ја почувствувате љубовта. Можеби е време на некого да му дозволите да го зароби вашето срце. Но, не пропуштајте ја неделата и да заминете на некоја забава, бидејќи ќе ви годи комуникацијата со пријателите и семејството.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *