Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (24.10.2017)

Овен
Ќе бидете многу расеани и збунети. Другите луѓе ќе ве предупредуваат на поволните прилики и вистинските моменти за акција. Во љубовниот живот ќе изразите желба повнимателно да ги истражите причините на случувањата што ве загрижуваат. Внимавајте на здравјето.

Бик
Тешко ќе се решите каде и со кого вечерва да излезете. Би можеле да посетите повеќе забави, а на ниедно место нема долго да се задржувате. Претерувањето во било што ќе биде виновно за проблемите со желудникот. Некој ве набљудува.

Близнаци
За полесно да ги поднесете обврските, настојувајте да ги поделите со домашните. Би можеле да задоцните на некој договор или да се оптоварувате со трачеви и неважни ситници. Некои планови ќе се сменат во последен момент, но не по ваша заслуга. Извршете ги последните подготовки.

Рак
Со леснотија ќе комуницирате, ќе се дружите и ќе се договарате со саканата личност по сите важни прашања. Ако излезете навечер, ќе запознаете интересни личности, а симпатијата на прв поглед ќе биде заемна. Одете на некој концерт, во диско или во кино.

Лав
Денешните средби, контакти и разговори со луѓе ќе ве усреќат. Вашата дружељубивост ќе и биде симпатична на околината. Една личност од спротивниот пол ќе влијае на вас потикнувачки, а еден случаен допир ќе заврши со ерупција на страсти. Но не можете секогаш да бидете во центарот на вниманието.

Девица
Ќе бидете успешни во комуникацијата, учењето, трговијата и давањето услуги. Љубовна среќа ќе доживеете на улица, или на патување. Во остварувањето на љубовните желби ќе ви помогне еден близок пријател. Врските и познанствата денеска ќе добијат на значење. Вклучете ги блиските во своите планови.

Терезија
На работното место се оди како што сте замислиле. Бидете посериозни и ќе успеете да ги реализирате плановите. Однесувањето на партнерот ќе ве поттикне на вербални пресметки. Обидете се да сфатите дека не можете да се грижите баш за се. Ќе ве вознемири состојбата на една блиска личност.

Скорпија
Ситуацијата што вчера ви се чинеше бесмислена, денеска ќе добие сосема нова смисла. Успешно ќе ракувате со знаењето и имотот на другите луѓе. Насочени сте кон финансиите и тоа добро ќе ви оди. Односите со партнерот не се сјајни затоа поминете повеќе време со него.

Стрелец
Однесувањето на соработниците ќе влијае на вашето денешно расположение и планови. Бидете дисциплинирани кога е во прашање здравјето. Додека на едно поле ќе назадувате, на друго ќе ви се отвораат нови можности. Нервите ви се чувствителни. Внимавајте на исхраната.

Јарец
Можни се ситни неприлики коишто ќе ве успоруваат на патот кон целта. Сигурни се неочекувани средби на пат, тешкотии во телефонирањето или пронаоѓањето на лица што ви се потребни. Памтете каде ги оставате клучевите од станот, мобилниот телефон и паричникот.

Водолија
Време е да се позанимавате со состојбата на тековната сметка. Можеби ситуацијата ќе биде обесхрабрувачка, но не ја губете надежта. Помошта или решението ќе дојдат сосема неочекувано. Разговорот со љубовна тематика сосема ќе ве збунат. Не си поигрувајте со туѓото трпение.

Риби
Ве очекува активен ден, преполн со изненадувања и противречни сигнали. Ќе сфатите колку вашето однесување во минатото влијаело на една личност. Треба да разговарате со еден пријател. Во љубовта што помалку експериментирајте. Штедете ја енергијата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *