Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (11.04.2022)

Овен
Доколку некој ви прави дополнителни проблеми, подсетете ги своите соработници на основните правила за професионално однесување и не дозволувајте за вас да се зборува на погрешен начин. Подобро е да ги спречите вашите зовриени страсти отколку да се вплеткате во некои интриги.

Бик
Доколку имате доволно памет, тогаш без многу зборови ќе прифатите нечија понуда. Избегнувајте ситуации кои го преминуваат вашето искуство. Важно е да ја сочувате својата деловна позиција. Нема причина наивно да верувате во нечии ветувања или ласкави комплименти кои ги добивате.

Близнаци
Предност им давате на некои необични работи или ситуации кои остануваат скриени пред љубопитните очи на соработниците. Бидете промислени. Одредена доза на мистичност може да ве потикне на дополнителна упорност, но може и да предизвика непријатност во средба со блиска личност.

Рак
Многу ги идеализирате сопствените деловни планови и интензивно размислувате за работи кои ви се недостапни. Не треба да се опетеретувате со различни критериуми. Секој од соработниците има свој начин на интерпретација на настаните.

Лав
Умеете да оставите впечаток на својата околина. Вашата предност е во тоа што избегнувате веќе воспоставени форми и стереотип во деловното изразување. вашите идеи звучат поинтересно од решенијата кои ги нудат соработниците.

Девица
Договорот кој го имате со една личност не ветува многу, но вие упорно ја одбивате помислата за прекин на деловната соработка. Не сакате јавно да ги признаете своите грешки во проценка на деловните можности. Работите кои ви изгледаа едноставни станаа многу комплицирани.

Терезија
Тешко ви е да донесете добра деловна проценка и конечна одлука без нечие знаење. Сето тоа би било полесно, кога не би постоеле големи неизвесности во средба со соработниците. Избегнувајте претерана расеаност во однесувањето. Нема потреба да се истакнувате во нечие присуство.

Скорпија
Потребен ви е доверлив партер или личност која во потполност го следи вашиот чекор и креативните идеи. Доколку сакате да остварите деловен успех, бидете спремни на заеднички компромиси и на стил на прилагодување. Личноста која ја сакате, морате да ја разберете и кога греши.

Стрелец
Некој ве потикнува на креативно изразување или не потреба да остварите некои резултати. Договорот кој го имате ветува успех, важно е да што прецизно ги одредите своите интересирања во различни правци. Повнимателно анализирајте ја личноста која ја сакате.

Јарец
Делувате самоуверено во различни ситуации и превземате потполна одговорност на своите постапки. Расположението во деловните кругови претставува позитивен предзнак, затоа продолжете во започнатиот стил. Личноста околу која размислувате се наоѓа во ваша близина.

Водолија
Забележувате дека некој внесува дополнителни проблеми во деловните кругови. Не учествувајте во јавни расправи околу деловните интереси. Потребни ви се практични резултати а не интелектуално надмудрување. Она што се случува меѓу вас и саканата личност буквално е претстава.

Риби
Добивате различни олеснувања во средба со соработниците, но истовремено трпите поради некои случувања во приватниот живот. Важно е да имате добар поттик за да ги остварите своите деловни намери. Во односот со саканата личност не можете да ги диктирате љубовните правила.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>