Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (23.10.2018)

Овен
Ви советувам да не критикувате денес, посебно не лица кои не се присутни, и посебно, потенцирам посебно не системот на организираност на вашата фирма, институција онаму каде остварувате труд и примате плата. Ова ви го кажувам поради можните провокации и тенденцијата на аспектите кажаното да биде набргу пристигнато до ушите на оние кои и ја организираат работата. Знам дека сте храбри и дека сте во концептот баш ми е гајле и да чуе, но во тој случај не се прашувајте зошто сте постојано прескокнати, игнорирани, со проблемчиња, мали но достатни да ве држат во нервоза.

Бик
Прилично, како да речам, тромав ден, некако развлечен, уште од наутро, со тенденција да имате и ситни проблеми со дигестивниот тракт. Нервозата поради тоа може лесно да се пренесе на женска личност и тоа за некаква ситна отстапка или помош, поддршка која сте ја очекувале, или била очекувана од вас па не сте ја дале. Останатиот ден со мисла на можната случка, но и попладнето прилично тврда атмосфера, со родителот, со помладите членови на семејството, со партнерот.

Близнаци
Цел ден некакви случувања за ситни нервози кои немаат енергија да направат ескалација, можеби од ваша страна, но имаат доволно да ве држат во тензија, и што се вели, некој да си го добие, кој е најмалку виновен или должен. Попладнето тоа секако може да биде партнерот, помладите од вашето опкружувања и сето да ескалира на јавно место или објект. Партнерот исклучително насочен кон себе со многу засилено его и суета, па ако запнете на нешто на јавно место може да дојде и до посериозна расправија.

Рак
Имате големи емотивни осцилации денес, во првиот дел од денот и не така страшни, но во вториот да речам од послепладне до доцна во ноќта прилично тестести аспекти. Всушност ова тесто е подготвено за после 18 часот, кога се можни и некакви прилично непријатни посети, муабети со важна личност, но за жал непријатни муабети или информација, за работа за која сте заинтересирани или која е од големо значење за вас. Со други зборови, мора да останете мирни и да се обидете да не реагирате на емотивен план онака како што знаете.

Лав
Денес можеби и немате некакви значајни аспекти кои би ве допреле посебно лошо, но другите имаат, па треба да бидете претпазливи во релациите и односите со другите, посебно што многумина се прилично нервозни и агресивни, и чекаат “жртва” за да ги истурат своите фрустрации и инхибиции. Вие пак со своето баш ми е гајле однесување сте податна мета за истото. Во секој случај убав ден само за оние кои се вљубени и на кои дневните нешта им се ефемерни.

Девица
Можните денешни проблеми покажуваат тенденција на нервоза поради некакви однесувања во домот, помеѓу помладите, немање респект кон никого и кон ништо. Ви препорачувам да не влегувате во полемика, ќе ве однесе во аргументација и кон расправа, не докажувајте му на претпоставениот дека греши, ќе си направите само проблем, и секако, не влегувајте во озборување, иако за такви нешта денес ќе имате колку сакате избор на теми.

Вага
Не ви е баш денов потаман, започнува таков уште од наутро, а богами нема премногу шанси да се подобри, па ако се препуштите на аспектите кој знае какви се нешта можат да се изродат. Значи, ќе морате да дадете малку повеќе енергија за да останете мирни, да не подлегнете на дневните возбудувања, можеби расправии со женски личности или поради фрустрации да се прејадете, па да имате и здравствени тегоби. Доцна вечерта уште и муабетење за некого кој не е присутен.

Скорпија
Вам аспектите нешто понаклонети отколку на останатите знаци и единствено поради Месечината во Риби што вам ви доаѓа како честење на планот на задоволствата, ќефовите, секако емоциите кон некого, или нешто, и така ќе остане уште неколку дена, но со променлив интензитет во зависност од вашите лични хороскопи и нивната поставеност. Нормално многу настојчиви и упорни во некакви финансиски побарувања или заработување.

Стрелец
Меркур и Венера ви се во знакот и би требало да очекувате пријатни мигови поради тоа, ама не е така, бидејќи и двете во кавга со други планети, а и Јупитер не е ништо посаглам, па така прогноза за денов е кисела, како и времето надвор, а и јавниот живот тапа, партнерските односи на тоа ниво ако не и бетер. Со други зборови, вадете од резервите на оптимизам и хумор, за да ги анулирате планетарните вибрации кои денес не се силни, ама не си ни добри.

Јарец
Интересно денес како да сте миленици на небото, додека две третини од зодијачкиов циркус има кисели аспекти со кои не знае баш добро да се справува, вие имате прилично ветувачки аспекти, ако го поминете работниот ден во една нормална динамика без да допуштите ситни вознемирувања да ве извадат од такт. Попладнето кон 16.30 имате одличен социјален живот, можности за некакви сериозни и ветувачки разговори, можеби сериозна дружба со саканото лице, некакви посети, купувања, социјални активности.

Водолија
И вие како постсатурновец (Сатурн ви е еден од постарите владетели и доста влијателен во вашиот знак) може да се омрсите, но при крајот на деловниот ден, кога се можни опуштени и релаксирани муабети и разговори со авторитетно лице, од кого ќе дознаете еден куп информации а и такви кои ќе ви стават на знаење што ви е за правење, имате ли перспективи на деловен план, развој или проблеми. Ако имате веќе некакви деловни проблеми, можни се солуции кои ќе ви бидат посочени во разговорот.

Риби
Имате силна имагинација денес, но и силна потреба за зборување, можностите се и за критика, па би ви советувал да не влегувате во муабетење на некои кои не се присутни и што кај нас се нарекува озборување. Оваа утринска можност може да ја замените со расправија со женско лице, околу некаква затурена или незавршена документација, можеби несредена, па ако сте рамноправни по статусот можна е и убава кавга, ако не сте некој од вас набрзо ќе замолчи, во зависност каков статус има.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *