Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (23.04.2019)

Овен
Имате многу причини да бидете оптимист. Повлековте важни потези и остваривте финансиска корист. Доколку не сте го направиле тоа, тогаш сте направиле голема грешка бидејќи сте пропуштиле важна можност. Таа не се нуди често. Треба да се биде мудар и да се препознае шансата. Деловното унапредување е актуелно.

Бик
Ѕвездите овие денови ви испраќаат несебична поддршка. Ви носат безброј можности, но и желба за уживање, како и мрзливост и пропуштени можности. Колку ќе ги искористите позитивните вибрации – зависи исклучиво од вас. Тргнете во акција.

Близнаци
Обидете се на најдобар можен начин да го искористите денот. Некој ќе се обиде да ви помогне да ја пребродите непријатната ситуација во која може да се најдете поради вашето избрзување. Нема причина да се сомневате во себе. Моментално сите адути се на ваша страна. Зголемете го оптимизмот.

Рак
Со минимални напори ќе остварите максимални резултати. Се’ ви поаѓа од рака бидејќи знаете што сакате. Успешни сте, како во извршувањето на куќните обврски, така и во општествената работа. Искористете ја зголемената интуиција кога станува збор за подалечно патување. Немате причина да се сомневате во вашите пријатели.

Лав
Доколку сте шеф, ќе постигнете невиден успех благодарение на својата самоувереност и посветеност. Општествено сте активни со зголемена доза правичност. Не потпирајте се на личности што не ви се наклонети. Секогаш мора да се најде некој да ви пречи. Важно е да знаете да ги држите на дистанца.

Девица
Се’ ви поаѓа од рака. Веројатноста некој од странство да ве покани на гости е голема. Влеговте во период што е поволен за пишување, издавање, филозофија и патување. Пронајдете се себеси во едно од наведеното, бидејќи сте склони на сите работи, а особено во уживање во уметноста.

Терезија
Премногу сте емотивни, а особено кога парите се во прашање. Партнерот ќе ви потроши голема сума пари. Проблемот настанува бидејќи не знаете да го контролирате. Ќе купувате и тоа што треба и тоа што не ви треба бидејќи само така заборавате на актуелниот здравствен проблем.

Скорпија
Насочени сте кон љубовта и бракот. Доколку не сте запловиле во брачните води, ова е поволен период. Не размислувајте за тоа, туку избројте до десет и кажете го судбоносното „да“. Љубовта е евидентна, но со тоа има и други причини поради кои треба да се одлучите на ваков чекор.

Стрелец
Организаторските способности ви се во прв план. Работата ја извршувате со леснотија. Не грижете се, ќе има и пари. Здравствената состојба моментално ви е добра, под услов да не се нервирате. Во спротивно, склоноста кон проблеми е нагласена. Тоа е голема причина да останете смирени.

Јарец
Најпосле убав ден. Не размислувајте за тоа што би било кога би било, туку однесувајте се спонтано. Уживајте во моментите. Околината, децата, партнерот, се’ ви е по волја. Не би било воопшто лошо да потрае малку подолго таа состојба, но тоа не зависи само од вас, туку и од околностите.

Водолија
Многумина од вас во овој период почнаа да решаваат важни животни прашања. Тоа се однесува на преселување или на судски спор поврзан со недвижен имот. Доколку во наредниот период не го решите овој проблем поволно, барем ќе го одложите. Важно е дека нема да изгубите.

Риби
Ќе се обидувате да ги изладите односите со роднините. Сфаќате дека сте се нервирале и сте се расправале за глупости. Најпосле на сцена настапи практичната карактеристика на вашата личност. Ќе се насочите кон нешта што ви предизвикуваат задоволство, а другите работи никако не допираат до вас.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *