Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (23.03.2023)

Овен
Благодарение на вашиот дух кој е секогаш подготвен за акција, нижите само успеси. Ќе бидете во ситуација да донесете брза и правилна одлука. Пожелно е да го намалите темпото и да бидете повнимателни. Со Близнаци и Девици можна е идеална соработка. Од другите што подалеку.

Бик
Се обидувате да бидете што помалку посесивни и љубоморни, со таа своја особина на партнерот почнавте да му одите на нерви. Свртете се кон креативната работа и во делата канализирајте ја вишокот енергија. Денот е идеален за убав помин и за занимавање со уметност.

Близнаци
Иако не наидувате на поддршка од соработниците, тоа ни најмалку не ви пречи на работата. Резултатите се видливи, но бидејќи постои можност некој да ве изнервира, избегнувајте кавги и внимавајте што помалку да оговарате, тоа ве прави лоша личиност.

Рак
Бидејќи поседувате неуморна енергија, искористете ја како што треба. За почеток, учете да креирате односи со околината, но и други работи. Бидете подготвени да ги исполнувате туѓите желби, но ќе видите многу убави работи. Во фаза сте на донесување многу важна одлука.

Лав
Луѓето ве тормозат со секакви глупости, не знаејќи при тоа дека сте во полоша состојба од нив. Сами сте криви, бидејќи не умеете да покажете колку ви е тешко. Да се биде горд, има своја цена. Можеби е подобро да си бидете она што навистина сте. Свртете се кон уметноста

Девица
Бидејќи упорно настојувате да добиете од другите она што не се во состојба да ви го дадат, кавгата е неминовна. Се советува внимателност, и тоа не само кога се во прашање зборови. Обидете се аналитички да му пријдете на проблемот и да најдете за него оправдување.

Терезија
Доста ви е од трач и озборување. Се повлекувате во свој свет, па на мир анализирате се што ви се случува. Собирате сила за нови победи, а ќе имате победи за некој ден. Тогаш ќе ги решите проблемите врзани за куќата и работата. Се ќе биде подобро, стрпете се.

Скорпија
Се чувствувате загрозено, дали поради емотивна или физичка мака. Вие најдобро знаете за што станува збор, обидете се проблемот да ги исечете во корен, под услов да не сте го запустиле. Ќе имате поддршка од пријателите и понуда некаде да отпатувате.

Стрелец
Не сте баш во врвна форма. Причини за депресивна состојба има повеќе. Една од нив се однесува на болеста на постаро лице за кое сте силно врзани. Јарецот се обидува да ве утеши, но тешко му оди. Премногу сте различни за да ги прифатите неговите сугестии.

Јарец
Со Стрелецот сте во чудна врска. Иако имате корист на прв поглед одлично функционирате, но слабо се разбирате. Тоа само вие го знаете. Причина за слабоста е во вашата премореност, морате да најдете начин да се релаксирате и да се одморите.

Водолија
Бидејќи сте опкружени со лаги, веќе на нив се навикнавте, па е необично кога некој ќе ви ја каже вистината. Партнерот е прв на листата на осомничени за неискрено однесување. Бидејќи не му верувате, а довербата е прв предуслов за нормална врска, размислете што понатаму да правите.

Риби
Со својот доминантен став се наметнувате. Бидејќи тој став не е доволно убедлив, многу пријатели нема да наседнат, туку ќе се обидат да го избегнат тоа. Пожелно е да се коригирате и да постапувате во согласност со сопствените квалитети и можности.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>