Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (23.02.2021)

ОВЕН
Немате баш некој ден за пофалба иако имате прилично добра енергија од Стрелецот, сепак денешниве аспекти можат да ве претворат во агресивна машина, а кога сте вие агресивни, тука место за некоја филозофија нема. Значи, внимавајте на љубовни разочарувања, недоразбирања на таа тема која кај вас може да предизвика реакции и на други полиња по системот на домино плочките, а истите да не бидат баш нежни и морално крајно неприфатливи. Бирам зборови бидејќи не сите од вашиот знак ќе реагираат така, но најпрвин се на удар на аспектите во следните три дена машкиот дел, па дури потоа по некое женско од знаков.

БИК
Имате прилично тешки неколку дена пред себе започнувајќи од денес. И онака периодот ви е наклонет исклучително кон прифаќање и приспособување кон луѓето, настаните и случувањата, но тоа вам најтешко ви паѓа, и многу ретко знаете да бидете мудри, најчесто не се приспособувате, па оттаму можноста за страдања е поголема. Можни се големи разочарувања во љубовните односи и партнерот, можни се откривања на сопствените самозалажувања, кои нема да си ги прифатите нормално, можни се преземање прилично неморални постапки и дејства заради одмазда или дознавање на некакви детали, а можни се и обиди за физичка пресметка, во екстремно мал број случаи.

БЛИЗНАЦИ
Би било убаво утрото да не го започнувате со нервоза и расправија за баналности, бидејќи таков ќе го терате целиот ден а богами и неколку потоа, бидејќи аспектите за денов и тие неколку по него не се баш од најарните. Во остварувањето на секојдневните обврски било деловни или домашни големи попречувања, сопки, разочарувања, прекуредности, нервози, чувствителност. Сите овие синоними можете да ги ставите и по прашањето на вашето здравје или здравјето на некој од вашето опкружување, најчесто и од страната на партнерот. Не сакам премногу да зборувам за здравје, за тоа си има специјалисти, но внимавајте на својот здравствен статус деновиве.

РАК
Најголемиот проблем и можни разочарувања од денес па во следните неколку дена доаѓаат од полето на партнерот, било интимен било приватен или од полето на јавноста, онаа вашата голема, мала каква што вие ја проценувате. Значи, прилично лоши моменти можете да очекувате на деловен план, од деловните партнери, кои може да се служат со пристапи кои се надвор од моралниот кодекс, каков-таков, од добрите деловни обичаи, а ова може да се однесува и на вашиот интимен партнер, само што вие нема да бидете баш невино јагне кое сето го трпи, туку може и вие да сте кумувале на некакви негови сегашни однесувања како реакција на вашите од неодамна.

ЛАВ
Можеби проблемите и деструкциите се насочени кон здравјето на некој од домашните, пред се постар човек и секако ако тој или таа веќе имаат сериозни проблеми со здравјето. Проблеми можат да се случат и поради тврдоглавоста на истите дека можат се сами па да дојде и до повреда поради паѓање со можности и за фрактури. Ова посебно е опасно ако се работи и за постари лица кои имаат проблеми со коските, во смисла на остеопороза од сите видови и слично. Значи ова само како можност велам само ако има и од порано назнаки, па можеби е подобро и малку да се вика повеќе со сите последици од тоа, отколку да се санира нешто отпосле.

ДЕВИЦА
Ако е судејќи по утрото немате баш ден, а и неколку потоа за машала, и бидете многу внимателни со вашите психолошки и нервни ресурси, ќе ви требаат. Уште од наутро може да имате прилично тешки и агресивни расправии, најпрво со помлада личност, но и разочарувања од однесувањето на постарата а во врска со претходното, па вие да се фрустрирате и цел дан да му ја мислите за вечерта целата работа да кулминира во една добра, жолчна и агресивна расправија, без многу пардон во искажувањата, но и во делувањата. Внимавајте, овие неколку дена се исклучително напнати, агресивни и насочени кон бруталност.

ВАГА
Продолжуваат да се формираат прилично интензивни аспекти, а денес активна е Венера која има спојувачки аспект со Сатурн, но тоа ви е како да се прегрнувате со змија, а аспектот во најмала рака значи чувствителност или поради своите системи за проценка и вреднување на нештата или поради некакви пари, финансии. Вториот аспект е оној на Марс со Плутон и тој некаков тежок клинч, а дава можности за бруталности или насилства на други, присуствување на некој таков чин, не мора да е физички, но најчесто е. Аспектите се силни три до пет дена.

СКОРПИЈА
Прилично тежок ден за вашиот знак бидејќи ќе бидете накострешени уште од утрото, а во такво расположение се што е кажано, посебно во вечерните чаови, кога се можни прилично несакани дејства и активности кои подразбираат доста негативна енергија, агресивност, можеби вербална, но најчесто е и физичка. Би ви препорачал крајно внимание и толерантност по прашање на комуникации и вербализациите, посебно ако сте од помладите, бидејќи какво е напнато времето, поводите за нешто посилно и побрутално се големи.

СТРЕЛЕЦ
За жал, во вашиов период е огромна динамиката на потешките планети чие влијание сепак не се протега на еден ден, а денес се формираат дури два аспекта. Едниот во раноутринските часови помеѓу Венера и Сатурн, што значи дека некакви задгрбни активности се случуваат, активни ви се сите оние кои не ве поднесуваат, кои се плашат од вас или кои ви завидуваат. Одгласи ќе разберете и секако, поради природата на атаците ќе бидете доста чувствителни, а тие пред се ќе бидат скарани со моралот.
Вториот е и поагресивен, но бидејќи е вечерен ви советувам да внимавате во следните неколку дена на своите реакции и однесувања, посебно во сообраќајот.

ЈАРЕЦ
Не можете баш да се пофалите дека ви е периодот, а денес и можеби доста полошо од вообичаената напнатост. Денес можни доста разочарувања од пријатели, познати или со еден збор, вашиот социјален живот е прилично чувствителен денес уште од утрото, а кон попладнето и вечерта можни се и доста самоагресии, разочарувања, непочитување на другите од позиција на крајна фрустрираност и инхибираност. Со еден збор прилично рунтав денов, но и не само тој, бидејќи аспектите се со сила од неколку дена, па ќе делуваат и од заднина.

ВОДОЛИЈА
Не може да се пофалите баш дека денес може да ви биде денот добар и поднослив, ако ништо друго, а ваквата можност ви се проширува и во следните неколку бидејќи аспектите се прилично потентни. Значи внимавајте на деловен, професионален план или статусен сеедно, можни се разочарувања, лажни ветувања. Ова подразбира и некакви статусни промени како можност и на љубовен план. Вечерта доста агресии, посебно во социјалната сфера или агресивен пријател кој тоа нема да ви биде после одредено прикажување на себе и своите его пориви искажани на прилично агресивен начин.

РИБИ
Денес, а и во неколку следни дена имате големи можности да бидете разочарани од односите и случувањата во некои од институциите ако имате потреба од нив, мислам на институциите на државата, но и од нејзините органи, па следат судовите, високошколските установи, издаваштвото ако вашиот интерес е натаму, странци, странство, политика. Ќе ви биде потребно и многу енергија да ги компензирате сите обиди за агресија, брутално однесување и непочитување, неморални постапки и во социјалната сфера, што ви се сведува на исто. Внимавајте на своето его, ќе биде многу изложено, а во одделни случаи загрозен може да е и физичкиот интегритет.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *